Океаниди, Гистав Доре , слика од 1860-те години
Океаниди (грчки : Ωκεανις, Ωκεανιδες ) според старогрчката митологија биле нимфи , ќерки на титанот Океан . Ова е тврдење на Хомер шо е запишано во неговите химни . Според Есхил , Аполодор од Атина , Хигин и Хесиод , нивна мајка била божицата Тетија .[ 1]
Митологија
Имало три илјади Океаниди, и тие ја претставувале целата вода на светот: од дождовните облаци , па сè до подземните води .[ 2] Некои од нив, како Климини , Азија , и Електра, биле тесно поврзани со Титаните .
Овде спаѓаат Нефелите , нимфите на облаците, Аурите , нимфите на ветрот , Најадите , нимфите на изворите и фонтаните , Лејмонидите или Лимонидите, пасторалните нимфи и Антусаидите , цветните нимфи. Овие нимфи ретко биле опишувани како морски , но подоцна кога мистичните води на Океанот, кои биле претставувани како реки кои го опколуваат светот, се изедначиле со Атлантикот , Океанидите го добиваат епитетот „морски“.
Некои од Океанидите биле придружнички на моќните богови, како Артемидите кои биле другарки на божицата со истото име, Артемида . Пејто била другарка на Афродита , а Климена на Хера .
Поврзано
Наводи