Местоположба на Мозамбичкиот Проток
Мозамбички Проток или Мозамбички Канал (португалски : Canal de Moçambique , малгашки : Lakandranon'i Mozambika , француски : Canal du Mozambique ) — дел од Индискиот Океан што се наоѓа помеѓу Мадагаскар и југоисточна Африка , претежно Мозамбик . Тука, во II светска војна се одиграла Мадагаскарската битка (1942) помеѓу Вишиевска Франција и Сојузните сили .
Протокот има должина од 1.600 км, а ширината се движи од 400 до 950 км. Најтесниот дел е помеѓу Ангош (Мозамбик) и Тембохорано (Мадагаскар). Достигнува длабочина од 3.292 м во подрачјето оддалечено 230 км од мозамбичкото крајбрежје. Во него тече топла јужна струја, која потоа продолжува во Агулјската струја во водите источно од ЈАР .
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација (IHO), Мозамбичкиот Проток ги има следниве граници:[ 1]
На север. Линија од устието на реката Рувума (10°28′S 40°26′E / 10.467° ЈГШ; 40.433° ИГД / -10.467; 40.433 ) до Рас Хабу, северниот врв на островот Голем Комор , кој е северниот од Коморските Острови , до ’ртот Амбр, северниот крај на Мадагаскар (11°57′S 49°17′E / 11.950° ЈГШ; 49.283° ИГД / -11.950; 49.283 ).
На исток. Западниот брег на Мадагаскар.
На југ. Линија од ’ртот Сант Мари, јужниот крај на Мадагаскар до Златниот ’Рт (Оро) на континенталниот дел (26°53′S 32°56′E / 26.883° ЈГШ; 32.933° ИГД / -26.883; 32.933 ).
На запад. Копното на ЈАР.[ 2]
Острови во протокот
Комори
Мозамбик
Примерас и Сегундас (архипелаг)
Франција
Наводи
Надворешни врски
18°S 41°E / 18° ЈГШ; 41° ИГД / -18; 41