Бохајското Море (кин. 渤海, пинјин: Bó Hǎi), наречено и Бохајски Залив е највнатрешната заливска област на Жолтото Море, околу крајбрежјето на североисточна Кина. Зафаќа површина од околу 78.000 км2 и претставува една од најпрометните водни површини во светот поради релативната близина до Пекинг.
Историја
Сè до почетокот на XX век, заливот се нарекувал Чили (直隸, Zhílì) или Печили 北直隸, Běizhílì). Ова се имиња на некогашните покраини во областа.