Белингсхаузеновото море има површина од 487.000 km2 (188.000 кв. милји) и достигнува максимална длабочина од 4,5 километри (2,8 милји). Тоа ја содржи подводната рамнина, Белгингсхаузенова рамнина.
Во доцната плиоценска епоха, пред околу 2,15 милиони години, астероидот Елтанин (околу 1-4 км во пречник) удрил во работ на Белингсхаузеновото море (во Јужниот Тихи Океан). Ова е единствениот познат удар во длабочините на океанската депресија во светот.