Лозово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, на патот помеѓу Велес и Штип. Старото име на селото е Џумајлија. Претставува едно од најголемите штипски села, а воопшто и овчеполски. Селото е административно седиште на истоимената општина.
Географија и местоположба
Селото Лозово се наоѓа во западниот дел на Овче Поле, оддалечено 15 километри североисточно од Велес и 19 километри југозападно од Свети Николе.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[4]
Лозово е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 570 жители, а во 1994 година 946 жители, од кои 889 биле Македонци, 5 Турци, 39 Власи, 6 Срби и седум други.
На пописот од 2002 година, селото имало 896 жители и спаѓа во групата на големи села. Следува табела на националната структура на населението[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
521
—
1953
625
+20.0%
1961
570
−8.8%
1971
766
+34.4%
1981
959
+25.2%
Година
Нас.
±%
1991
943
−1.7%
1994
946
+0.3%
2002
896
−5.3%
2021
756
−15.6%
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
521
1953
30
—
571
16
—
—
—
8
—
625
1961
520
3
13
—
—
7
—
27
—
570
1971
695
—
10
—
...
8
—
56
—
766
1981
871
—
4
—
36
15
—
33
—
959
1991
874
—
5
—
40
13
—
11
—
943
1994
889
—
5
—
39
6
—
7
—
946
2002
851
—
8
—
26
—
—
6
—
896
2021
672
1
24
—
18
10
—
1
30
756
Во пописот од 1953 година, 91 % од вкупното население го сочинувале Турци, кои во средината на 50-тите години масовно се иселуваат во Турција и на нивното место се населуваат Македонци од Кривопаланечко и Кратовско. Освен Македонците во Лозово живее и мала заедница на влашко население.
Родови
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
Српски
Доселеници:Симо (1 к.), Томо (1 к.) и Нестор (1 к.) доселени се во 1923 година како колонисти. Последниот е од Хрватска, а другите од Србија.
Од 1954 до 1958 година од селото се иселиле 66 турски семејства во Турција. Турците заминале во Измир и во местото Дургут во непосредна близина на Измир.[7]
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 7,07,1Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.