Катерина (грчки: Κατερίνη, Катерини) — град во Егејска Македонија и седиште на округот Пиерија и Општина Катерина. Се наоѓа во Пиериската Низина, помеѓу Олимп и Солунскиот Залив, на надморска височина од 14 м. Градот, кој е еден од најновите во Грција, има 56.576 жители (според пописот од 2001). Се наоѓа близу градот Солун, вториот најголем град во Грција, кој придонел многу во развојот на Катерина во послените неколку години. До Катерина се стигнува преку главниот автопат Солун-Атина GR-1/Е75 (со две клучки близу градот) и магистралата „Егнатија“ на север. До градот водат линии на месните и државните возови од главната линија од Атина до Солун, додека пак присутна е и значајна регионална и државна автобуска мрежа со филијала во градот.
Катерина е блиску до морето (6 км) и неколку археолошки наоѓалишта кои привлекуваат многу туристи како древномакедонскиот свет град Дион (5 век п.н.е., оддалечен 17 км) и венецијанскиот замок во Платамонски замок. Подножјето на Олимп и гратчето Литохоро се наоѓаат на околу 20 км од центарот на Катерина.
1Новосоздадено место од грчки доселеници во XX век • 2 Подоцна изградено одморалишно место • 3Новодаден збирен назив кој не се води според ниеден топоним.