Бураѓа (грчки: Μελιάδι, Мелиjади) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Селото се наоѓа на 27 километри западно од градот Катерина и на 22 километри јужно од центарот на општината, Елафина.
Селото се наоѓа на надморска височина од 236 метри.
Селото за првпат на пописите се споменува во 1928 година кога бројот на жители изнесувал 48. На пописот од 1940 година живееле 183 лица, 1951 година во селото биле евидентирани 158 жители, во 1961 година во селото живееле 340 жители, во 1971 година имало 308 жители, во 1981 - 308 жители, и во 1991 година - 248 жители[2]. Денеска, населението на селото е 103 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес: