Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
Доселеници:Крушаровци (6 к.), Занини (3 к.), Оџовци (3 к.), Матмаровци (2 к.),Гоневци (2 к.), Јосифовци (3 к.), Божанини (2 к.), Чардаковци (1 к.), Мијаковци (1 к.), Ицовци (1 к.), Китини (1 к.) и Донини (1 к.) доселени се од соседното раселено село Црници. Крушаровци се гранка од истоимениот род во Чашка; Цветини (8 к.) доселени се од соседното село Крива Круша. Таму им се роднини Шоповци; Бошкови (4 к.) доселени се однекаде; Родови доселени после Првата и Втората светска војна: Коларовци (2 к.) доселени се од селото Бистрица; Црешневци (2 к.) доселени се од селото Црешнево; Дреновчани (2 к.) доселени се од селото Дреново.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“