Дигоксинот е прочистен кардиотоничен гликозид, екстрахиран од растението Digitalis lanata.
Дигоксин, кој се продава под името Ланоксин е лек кој се користи за лекување на разни срцеви заболувања. Најчесто се користи за атријална фибрилација, атријален трепет и срцева слабост. Дигоксинот се зема преку уста или со инјекција во вена.
Вообичаени несакани ефекти вклучуваат зголемување на градите, губење на апетит, гадење, проблеми со гледање, збунетост и неправилно чукање на срцето и други несакани ефекти, главно, поради прекумерна доза при конзумирање. Потребна е поголема грижа кај постарите лица и кај оние со лоша функција на бубрезите, при зимање на лекот. Сè уште не е јасно дали употребата за време на бременоста е безбедна. Дигоксин припаѓа во срцева гликозидна фамилија на лекови.