Амиодарон е антиаритмичен лек кој се користи во третман на кардијална дисритмија.[4] Тука спаѓаат вентрикуларна тахикардија (VT), вентрикуларна фибрилација (VF), како и атријална фибрилација и пароксизмална суправентрикуларна тахикардија.[4] Доказите за негова ефикасност при кардијален застој се слаби.[5] Може да се зема преку уста, интравенски, или интраосеално.[4] Кога се користи преку уста може да бидат потребни неколку недели за да се постигнат неговите ефекти.[4]
<ref>
AHFS2016