Владо Јовановски (роден во 27 февруари 1967 во Пробиштип[1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис
Завршил Факултетot за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година.
За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлекол доста внимание и често бил емитуван на македонските телевизии, бил финансиран од Владата на Република Македонија за да го поттикне македонскиот туризам.[2]
На 28 ноември 2017 година, Владо Јовановски бил уапсен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок по упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].
Филмографија
Награди
Наводи
Надворешни врски