Вишово било сместено северозападно од Охрид, во планината на патот за Струга, во атарот на селото Оровник кон оној на Долно Лакочереј, над месноста Кулиште. Денес мештаните местото го нарекуваатВишо (од Вишево > Вишово > Вишоо > Вишо).
Историја
Селото се води во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридска нахија од 1582-1583 г. е запишано под името Вишешево (а во второто издание, како Вишово) со 31 христијански семејства и 11 неженети лица.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Габавци (Вичево) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 3 куќи.[6]