Бохол — островска покраина на Филипините сместен во регионот Централни Висаи. Главен град е Тагбиларан. На запад од Бохол се наоѓа островот Себу, На северозапад островот Лејте и на југ, низ Бохолско Море е Минданао.
Според пописот во 2000 Бохол имаше 1.137.268 жители кои себеси си се нарекуваат Бохоланци, односно Bol-anon. Бројот на домаќонства изнесува 209.588 со 5,41 човек по куќа.
НАјзборуван јазик е бохолскиот кој пак е дијалект на себуански. Тагалскиот, кинескиот, и англискиот се исто така во голем процент застапени.
Мнозинството од населението се Римо Католици. Но постојат и други христијански цркви, претежно протестански.
Писменоста во покраината е доста висока и изнесува 93%. (состојба 19 ноември 2006).
Бохол е првостепено поделен на 3 конгресни окрузи, 47 општини и 1 град.
Бохол е остров кој е опколен со други 75 помали островчиња[1]. Надморската висина изнесува максимални 870 m. Изобилува со плажи кои имаат бел песок.
Координати: [http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%91%D0%BE%D1%85%D0%BE%D0%BB¶ms=9_50_N_124_10_E_region:PH_type:isle 9°50′N, 124°10′E]