Манго (науч. Mangifera) — род цветни растенија од семејството руеви (Anacardiaceae). Опфаќа околу 69 видови, од кои најпознато е обичното манго или индиско манго (Mangifera indica). Центарот на разновидност на родот се наоѓа во суптропските и тропските предели на југоисточна Азија, додека пак најголем број видови среќаваме на Малајскиот Полуостров, Борнео и Суматра. Растението има облик на дрво кое вирее во низински дождовни шуми и достигнува висина од 30-40 м.[2]
Употреба
Растенијата од овој род се одгледуваат нашироко низ Азија и други делови од светот. Во исхраната се користат дури 27 вида, кои имаат месести сочни плодови. Најполунарно е обичното или индиско манго (M. indica). Други видови како смрдливото манго (M. foetida) имаат плод што ја собира устата и затоа се јаде скиселено во туршија.[3]
Видови
Ова е список на видови од родот, од кои 10 имаат прифатени имиња.
Поранешни членови
Наводи
Надворешни врски