Руевите (науч.Anacardiaceae)[1] — семејство на цветни растенија што дава јаткастиплодови и во некои случаи го создава раздразнувачот урушиол. Во семејството влегуваат многу родови, од кои неколку се од стопанско значење. Попознати растенија се индискиот орев, мангото, рујот и дрвото марула. Родот Ф’стак (Pistacia) (каде спаѓаат ф’стакот и мастиковото дрво) денес обично се вклучува во семејство, но понекогаш и во своја семејство Ф’стаци (Pistaciaceae).[2]
Растенијата од семејството се дрва и грмушки кои се многу отровни, напати со смолест или млечен сок што оддава непријатна реа.[3]
Каналите за смола во внатрешната влакнеста кора внатрешниот влакнопроводниот систем во стеблата, корењата и листовите се својствени за сите членови на семејството; каналите за смола во меката срцевина се среќаваат кај многу видови, а кај неколку вида истите се сместени во главната срцевина или обичната кора. Мошне застапени во семејството се и танинските пазувки.[4]
Листовите се наизменични (ретко спротивни)[5] и немаат прилисници.[3]
Цветовите растат на крајот од гранката или стебленцето, или пак од прав агол на местото кајшто листот излегува од стебленцето, и има прицветници.[3]
Цветовите се двополови и машки кај некои растенија, и двополови и женски кај други, или пак цветови што имаат и прашници и плодници (т.н. „совршени“). Венчето има 3 до 7 пресечени чашкини ливчиња и ист број на венечни ливчиња (некои и без нив), кои се преклопуваат на пупката. Прашниците се или двојно повеќе или исто колку венечните ливчиња.
Плодовите ретко се отвораат при зрелост[3] и најчесто се јаткасти.[5]
Некои видови имаат вискозна течност што поцрнува и се користи како премаз и за бојадисување.[3] Јадливите оревчиња од ова семејство се сметаат за благотворни за мозокот.[3]
Наводи
↑Наречена по рујот (Rhus). Доколку строго се следи научниот назив Anacardiaceae, тогаш народното име на родот би било „индиски ореви“
↑Tingshuang Yi, Jun Wen, Avi Golan-Goldhirsh and Dan E. Parfitt (2008). „Phylogenetics and reticulate evolution in Pistacia (Anacardiaceae)“. American Journal of Botany. 95 (2): 241–251. doi:10.3732/ajb.95.2.241. PMID21632348.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)