Албај е покраина на Филипините сместена во регионот Бикол на островот Лусон. Главен град е Легаспи. Се граничи со Јужен Камаринес на север и Сорсогон на југ.
Население. Спорен пописот во мај 2000, Албај имаше население од 1.090.907 жители, што ја прави 22-ра покраина по население на филипините. Постојат 208.640 домаќинства со просек од 5,22 жители по домаќинство, додека државниот просек е 4,99.
Јазици. Бикол јазикот е прво по зборуваност, кој всушност е во целиот регион Бикол. Но сепак мнозинствоте разбира и говори Таталог и Англиски.
Традиционална индустрија. Земјоделието е примарна стопанска гранка во покраината, со производство на кокос, ориз, шеќер, и сл. Следува шумарството, дрвната индустрија и рибарството.
Тешка индустрија.Од вкупно 6.369фабрики и погони во регионот Бикол, 48,6% се сместени во Албај. Најиндустриски градови во овок регион се: Тиви и Манито.
Tранспорт. Излезот на море го прави Албој големо пристаниште. Најпознати се: Tabaco International, Legazpi National, Pio Duran Provincial, и Pantao Regional Port (во градба од 2003).Постои и меѓународен аеродром.
Албај има вкупна површина од 2.552,6 км2, што ја прави 26-та покраина по големина. Таа е претежно планинска земја во кој има и еден вулкан, Мајон Вулкан кој е висок 2460 m.
Албај е поделен на 15 општини, 720 Барангаи и 3 градови. Три он нив, Полангуи, Дарага, и Гвинобадан се класифицирани како градови оид прв степен.