Банка за меѓународни порамнувања

Банка за меѓународни порамнувања (англиски: Bank for International Settlements) е меѓународна организација која им служи на централните банки во нивниот стремеж по монетарна и финансиска стабилност, поттикнува меѓународна соработка во тие области и служи како банка за централните банки.[1]

Лого на организацијата

Историја

Првите предлози за создавање меѓународна централна банка сместена во некоја неутрална земја се појавиле кон крајот на 19 век. На пример, Лујџи Луцати (Luigi Luzzatti), како реакција на меѓународната ликвидносна криза од 1907 година, се залагал за институција која би го поддржувало кредитирањето меѓу монетарните власти и која би била управувана од меѓународно тело. За таа цел, тој го убедил министерството за финансии на САД да организира конференција за разгледување на неговиот предлог. Подоцна, во 1920-тите, гувернерот на Банката на Англија, Монтегју Норман (Монтагу Норман) повторно ја поставил идејата за институција која би била надлежна за соработка меѓу централните банки. Иако, тој бил поддржан од претседателот на Федералната резервна банка на Њујорк, Бенџамин Стронг (Benjamin Strong), САД биле против оваа идеја, сметајќи дека таквата институција ќе биде под доминантно влијание на европските земји. Дури кон крајот на 1920-тите, на конференцијата во Баден-Баден, била донесена согласност за создавањето на ваквата институција.[2]

Банката за меѓународни порамнувања (БИС) е основана на 17 мај 1930 година. Таа е најстарата меѓународна финансиска институција во светот и претставува главен центар за меѓународна соработка на централните банки. Банката за меѓународни порамнувања била основана во контекст на Планот на Јанг (1930), кој се занимавал со прашањето за исплатитие за репарација наметнати на Германија со Версајскиот договор по Првата светска војна. Банката била создадена и да послужи како старател за долгорочните германски обврзници издадени за финансирање на репарациите и да промовира соработка меѓу централните банки. Седиштето на БИС било сместено во Базел поради неутралноста на Швајцарија, но и поради тоа што градот бил добро поврзан со европската железничка мрежа, со што гувернерите на централните банки лесно можеле да присуствуваат на седниците. БИС започнала да работи на 17 мај 1930 година, а прашањето за репарациите брзо избледело (тие биле суспендирани една година по создавањето на БИС), што овозможило банката целосно да ги фокусира своите активности на соработката меѓу централните банки и дополнително други агенции во потрага по монетарна и финансиска стабилност.[3]

Во 1930-тите, кога светот се соочил со меѓународни финансиски нарушувања, активностите на БИС биле ограничени само на истражувањето и размената на информации. Во овој период, централните банки продолжиле да се среќаваат на состаноците во Базел и да ги користат услугите на БИС, особено при спроведувањето на девизните интервенции и раководењето со девизните резерви. Подоцна, БИС била критикувана за премногу блискиот однос со нацистите за време на Втората светска војна (во тоа време, во управниот одбор на БИС членувале нацистичкиот министер за економски прашања Валтер Функ и офицерот на Гестапо, фон Шредер), т.е. дека БИС помогнала во „перењето“ на златото што нацистите го конфискувале во окупираните земји, како Белгија и Чехословачка. По завршувањето на Втората светска војна, откако биле формирани ММФ и Светската банка, натамошното постоење на БИС било доведено во опасност, зашто САД сметале дека таа треба да биде укината. Меѓутоа, кон крајот на 1940-тите, БИС имала улога во клирингот на плаќањата меѓу европскиет држави во рамките на спроведувањето на Маршаловиот план. Веќе во 1950 година, САД го промениле својот став и сметале дека БИС може да биде корисна како форум за координација на централните банки. Така, во периодот на Бретонвудскиот монетарен систем, БИС, која во тоа време била позната и како Базелски клуб (Basel Club), извршувала важни функции: чувањето на златните резерви, Општата спогодба за позајмување на ММФ, мултилатералниот надзор на Г10, како и подготовките за создавањето на Европскиот монетарен сојуз - сите овие активности започнале во БИС. На пример, до создавањето на Европскиот монетарен институт, гувернерите од европските централни банки се состанувале во рамките на БИС, која служела и како агент на Европската платна унија.[4]

Промени во улогата на Банката за меѓународни порамнувања

Од 1930 година, соработката меѓу централните банки се одвивала во рамките на Банката за меѓународни порамнувања преку редовни состаноци во Базел, на гувернерите на централните банки и експерти од централните банки и други агенции. Во поддршка на оваа соработка, банката развила сопствени истражувања за финансиската и монетарната економија и со тоа давала важен придонес за собирање, компилација и дистрибуција на економска и финансиска статистика.

На полето на монетарната политика соработката во рамки на Банката за меѓународни порамнувања веднаш по Втората светска војна до 1970-тите се фокусирала на спроведување и одбрана на Бретонвудскиот систем. Од 1970-тите до 1980-тите години фокусот бил на управување со прекуграничните текови на капитал по нафтените кризи и меѓународната должничка криза. Кризите во 1970-тите години го наметнале прашањето за регулаторна супервизија на меѓународно активните банка, што резултирало со Базелската Спогодба од 1988 година и нејзината ревизија Базел 2 од 2001-2006. Во поново време, прашањето за финансиската стабилност во пресрет на економската интеграција и глобализација, како што било нагласено и со Азиската криза од 1997 година, добива поголемо внимание.

Освен поттикнување на соработка во монетарната политика, Банката за меѓународни порамнувања отсекогаш извршувала традиционални банкарски функции за заедницата на централни банки (на пример,трансакции со злато и девизни трансакции), како и функции како старател. Банката за меѓународни порамнувања служела како агент на Европската унија за плаќање (1950-1958), во враќањето на конвертибилноста на европските валути по Втората светска војна. Слично на тоа, Банката за меѓународни порамнувања служела како агент и во неколку аранжмании за Европскиот девизен курс вклучувајќи го Европскиот Монетарен Систем (1979-1994), кој претходел на преминот кон единствена валута.

Банката за меѓународни порамнувања исто така обезбедувала или организирала итна финансиска поддршка за меѓународните монетарни системи кога имало потреба за тоа. Во текот на финансиската криза 1931-1933, Банката за меѓународни порамнувања организирала синдицирани кредити за помош на Унгарија и Австрија, кои се соочиле со финансиски тешкотии по пропаѓањето на банката Кредитаншталт (Creditanstalt).[3] Во 1960-тите, таа обезбедила специјален кредит за поддршка на францускиот франк (1968) и два таканаречени групни аранжмани (1966 и 1968) за поддршка на британскиот стерлинг. Во поново време, Банката за меѓународни порамнувања обезбедила финансии во рамките на програмите за стабилизација на Меѓународниот Монетарен Фонд (на пример, за Мексико во 1982 и Бразил во 1998 година).[5]

Организација и управување

БИС е организирана како акционерско друштво во кое нејзините членки се акционери. При нејзиното формирање, САД одбиле да се вклучат во акционерскиот капитал на банката така што како акционери во БИС се вклучиле три комерцијални банки, предводени од „Џ. П. Морган“. Првиот директор на БИС бил шведскиот економист Пер Јакобсен (Per Jacobssen), а за време на Втората светска војна директор бил Французинот Пјер Кене (Pierre Quesnay).[6]

Банката за меѓународни порамнувања има 647 вработени од 54 земји. Сите вработени се должни да се однесуваат во согласност со општите принципи напишани во кодексот за однесување на вработените. Повелбата за усогласеност на Банката за меѓународни порамнувања ги опишува водечките принципи за управување и усогласеност во банката.

Управувањето со банката е одредено со нејзиниот Статут, кој последен пат бил ревидиран во јуни 2005 година по прегледот направен на управувањето на банката од страна на три водечки, независни правни експерти. Трите најважни тела за донесување на одлуки во рамки на банката се:

Одлуките донесени на секое од овие нивоа се однесуваат на водењето на банката и како такви се главно од административна и финансиска природа, поврзани со нејзините банкарски операции, политиките за внатрешно управување со Банката за меѓународни пормнувања и распределбата на буџетските средства на различни бизнис области. Административните и буџетските правила на банката се однесуваат и на комисиите во рамките на Банката за меѓународни порамнувања. Другите аспекти од управувањето со комисиите се одговорност на телата на кои секоја од комисиите поднесува извештај.

Банката за меѓународни порамнувања има 60 членки-централни банки и секоја од нив има претставник и право на глас во собранието. Гласачката моќ е пропорционална на бројот на акции што Банката за меѓународни порамнувања ги издала во земјите на секој член претставен на состанокот. На годишното собрание, клучните одлуки од страна на членките централни банки се фокусирани на распределба на дивидендата и профитот, одобрување на годишниот извештај и сметките на банката, приспособување на надоместокот што се исплаќа на членовите на одборот на директори и избор на надворешни ревизори. Годишното собрание се одржува на крајот на јуни или на почетокот на јули. Мора да биде свикано вонредно собрание со цел да се измени Статутот на банката, да се промени акционерскиот капитал или да се ликвидира банката.[7]

Вообичаено, уште од 1930-тите, состаноците на гувернерите од земјите-членки на Г10 се одржуваат во сабота и недела, во Базел. Најчесто се организираат шест состаноци годишно при што некои гувернери присуствуваат само на три-четири состаноци. Во недела се организира приватна вечера само за гувернерите, без присуство на другиот персонал од БИС (со исклучок на генералниот менаџер), а следниот ден се одржуваат формалните состаноци на одборот на БИС.[8]

Во рамките на БИС постои мрежа од разни комитети, како: Институтот за финансиска стабилност (Financial Stability Institute) кој организира обуки и семинари за супервизорските тела ширум светот надлежни за финансискиот сектор, Базелскиот комитете за банкарска супервизија, Комитетот за платните системи и системите за порамнување, Комитетот за глобалниот финансиски систем, Форумот за управување (Governance Forum) и Комитетот за пазарите (markets Committee) кој дискутира за оперативните аспекти на интервенциите на централните банки на финансиските пазари. Покрај тоа, БИС е седиште на неколку други организации, како: Меѓународното здружение на супервизорите на осигурувањето (International Association of Insurance Supervisors), Меѓународното здружение на осигурителите на депозити (International Association of Deposit Insurers) и секретаријатот на Одборот за финансиска стабилност.[9]

Претставништва

Покрај седиштето во Базел, БИС има свои претставништва во Хонгконг и во Мексико Сити:[8]

Овие претставништва служаат како центри за активностите на Банката за меѓународни порамнувања во нивните региони, зајакнувајќи ги врските и промовирајќи соработка меѓу Банката за меѓународни порамнувања и регионалните централни банки и супервизорските органи. За таа цел, двете канцеларии поттикнуваат размена на информации и податоци, олеснуваат организирање на состаноци и семинари и придонесуваат во финансиските и економските истражувања на банката за Азија и за Северна и Јужна Америка. Претставништвата исто така обезбедуваат поддршка и во банкарските услуги што ги врши Банката за меѓународни порамнувања во азиско-тихоокеанскиот регион и во Северна и Јужна Америка и обезбедуваат помош преку редовни посети на централните банки.[10]

Активност

Цели и функции на БИС

Целите на БИС се определени во членот 3 од нејзиниот статут: „Задачи на Банката се: да ја промовира соработката на централните банки и да обезбедува дополнителни средства за меѓународните финансиски операции; и да делува како старател или агент во однос на меѓународните финансиски порамнувања кои ѝ се доверени со спогодбите со засегнатите страни.“ Прашањето за репарациите брзо избледело (тие биле суспендирани една година по создавањето на БИС), што овозможило банката целосно да ги фокусира своите активности на соработката меѓу централните банки и дополнително други агенции во потрага по монетарна и финансиска стабилност.[3]

БИС извршува неколку функции:[11]

  • претставува форум за дискусија и за анализи меѓу централните банки и во меѓународната финансиска заедница
  • претставува центар за економски и монетарни истражувања
  • делува како страна во финансиските трансакции меѓу централните банки
  • делува како агент, т.е. посредник во меѓународните финансиски операции

Место за средба на централните банки

Повеќе од 5000 извршни директори и претставници од централните банки и супервизорските агенции учествуваат на состаноците организирани од Банката за меѓународни порамнувања секоја година.

Најважни состаноци кои се одржуваат во рамките на Банката за меѓународни порамнувања се редовните состаноци на гувернерите и високи претставници од членките централни банки, кои се одржуваат на секои два месеци во Базел овие собири претставуваат можност за учесниците да дискутираат за светската економија и финансиските пазари и да разменат мислења за актуелни прашања кои се од интерес или грижа за централните банки. Главниот резултат од овие состаноци е подобро разбирање од страна на учесниците на случувањата,предизвиците и политиките кои влијаат врз различни земји и пазари. Атмосфера на отвореност, искреност и неформалност меѓу учесниците е од клучно значење за успехот на состаноците на Банката за меѓународни порамнувања.

Други состаноци на високи претставници на централните банки се фокусираат на спроведувањето на монетарната политика, надзор на меѓународните финансиски пазари и прашања поврзани со управувањето со централните банки. Покрај тоа, Банката за меѓународни порамнувања организира чести средби на експерти за прашања поврзани со монетарната и финансиската стабилност како и за повеќе технички прашања како што се правни работи, управување, ИТ системи, внатрешна ревизија и техничка соработка. Иако состаноците на Банката за меѓународни порамнувања се главно насочени на централните банки, сепак тие понекогаш вклучуваат и високи функционери и експерти од други финансиски пазари, членови на академската заедница и учесници на пазарот.

Истражување и статистика

Економските, монетарните, финансиските и правните истражувања на Банката за меѓународни порамнувања служат како поддршка на нејзините состаноци и во активностите на Базелскиот комитет. Банката за меѓународни порамнувања, исто така, е центар за размена на статистички информации меѓу централните банки, како и за објавување на статистички податоци за глобалното банкарство, хартиите од вредност, девизите и пазарите за деривати.

Истражувањата се вршат првенствено од страна на персоналот на Банката за меѓународни порамнувања, дополнети со надворешни истражувачи од централните банки и од академската заедница. Од време на време, Банката за меѓународни порамнувања организира посебни состаноци и конференции со истражувачи од централните банки и академици. Овие истражувања наоѓаат свој пат во редовните изданија на банката, како што се годишниот извештај и кварталниот преглед, но и во нејзините работни материјали и во надворешните списанија.

Семинари и работилници

Преку семинари и работилници организирани од страна на Институтот за Финансиска Стабилност, како дел од Банката за меѓународни порамнувања, таа промовира десеминација на работата преземена од страна на супервизорските заедници. Институтот за Финансиска стабилност не само што ги запознава супервизорите на финансискиот сектор низ целиот свет со препораките на Базелскиот комитет за банкарска супервизија, туку исто така обезбедува и практична обука за високо претставници.

Соработката со регионалните групи на централни банки исто така помага да се направат информациите за активностите на Банката за меѓународни порамнувања пошироко познати. Оваа соработка доаѓа во форма на учество на состаноци на регионалните групации на централни банки и организирање на ад хок заеднички состаноци или работилници.

Банкарски услуги за централните банки

Банката за меѓународни порамнувања нуди широк спектар на финансиски услуги за да им помогне на централните банки и другите официјални монетарни институции во управувањето со нивните девизни резерви. Околу 140 клиенти, вклучувајќи разни меѓународни финансиски институции, ги користат овие услуги. Финансиските услуги кои ги нуди Банката за меѓународни порамнувања се обезбедуваат од две поврзани соби за тргување: едната во седиштето во Базел и едната во претставништвото во Хонгконг.[12]

Банката континуирано ја прилагодува својата палета на производи, со цел поефикасно да одговори на сè поголемите потреби на централните банки. Освен стандардните услуги како што се депозити по видување и депозити со фиксни каматни стапки, банката развила и голем број на пософистицирани финансиски производи со кои централните банки можат активно да тргуваат со Банката за меѓународни порамнувања за да го зголемат повратот на нивните девизни средства. Банката исто така извршува работи и во име на своите клиенти поврзани со девизи и злато.

Банката за меѓународни порамнувања освен краткорочните кредити што им ги одобрува на централните банки на колатерализирана основа, од време на време исто така и координира итни краткорочни заеми за земјите во финансиска криза. Во овие околности Банката за меѓународни порамнувања дава средства како аванс во име и со поддршка и гаранција од група на централни банки.

Статутот на банката не дозволува банката да отвора тековни сметки во име на влади или да издава аванси во нивно име. Банката за меѓународни порамнувања не прифаќа депозити или обезбедува финансиски услуги на приватни лица или корпорации.[13]

Меѓународна финансиска регулација

По пропаста на Бретонвудскиот систем исчезнала потребата од БИС како форум за координација на централните банки и тогаш започнало нејзиното свртување кон финансиската стабилност. Пресвртната точка во идниот развој на БИС се случила во декември 1974 година, кога гувернерите од земјите-членки на Г10 го основале Комитетот за банкарски регулации и супервизорски практики (Committee on Banking Regulations and Supervisory Practices) кој подоцна бил наречен Базелски комитет за банкарска супервизија (Basel Committee on Banking Supervision). Главниот мотив за создвањето на овој комитет било пропаѓањето на две значајни банки во текот на 1974 година - Bnkhaus Herstatt и Franklin National Bank of New York, а иницијативата потекнала од Банката на Англија. Шест години подоцна, гувернерите од земјите на Г10 ја воспоставиле експертската група за платните системи која подоцна прераснала во Комитет за системи за плаќања и порамнувања (Committee on Payment and Settlement Systems). Најпосле, третиот важен комитет во рамките на БИС е Комитетот за глобален финансиски систем (Committee on Global Financial System) кој произлегол од Постојаниот комитет за евровалути (Euro Currency Standing Committee), основан во 1971 година.[14]

Ползата од БИС

Уште од појавата на првата идеја за основањето, БИС била предмет на сомнеж во поглед на користа од нејзиното постоење. Во едно истражување од 2001 година, Фратијани и Патисон го оцениле работењето на БИС според шест основни критериуми. Притоа, тие дале позитивна оцена во однос на исполнувањето на мандатот на БИС, утврден со статутот: координација и соработка на централните банки; исто така, позитивна оцена дале и во однос на исполнувањето на новите цели на БИС, пред сè, банкарската супервизија; во однос на третиот критериум - обезбедување банкарски услуги на централните банки ширум светот - тие дале задоволителна оцена поради нискиот степен на транспарентност; во однос на вредноста за потрошените пари, тие дале позитивна оцена; многу позитивна оцена дале за успешноста на БИС во споредба со ММФ и Светската банка; и најпосле, во поглед на транспарентноста, тие утврдиле дека постои простор за унапредување.[15] Во 2006 година, самата БИС објавила работен материјал во кој била дадена позитивна оцена за нејзината улога како место за соработка меѓу централните банки, меѓутоа било истакнато дека „е тешко да се даде недвосмислен доказ за ползата од БИС“ во областите кои не се однесуваат на обезбедувањето клириншки и старателски услуги.[16]

Наводи

  1. BIS
  2. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 254.
  3. 3,0 3,1 3,2 Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 255.
  4. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 256-257.
  5. BIS - Историја
  6. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 256.
  7. BIS - Организација и управување
  8. 8,0 8,1 Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 259.
  9. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 260-261.
  10. BIS Регионални канцеларии
  11. Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, p. 65.
  12. BIS - Регионални канцеларии
  13. BIS
  14. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 258.
  15. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 261.
  16. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 262.

Read other articles:

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (سبتمبر 2019) توم فلوود معلومات شخصية الميلاد 17 مايو 1955 (68 سنة)  سيدني  مواطنة أستراليا  الأم دوروثي هيويت  الحياة العملية المهنة روائي  الجوائز جائزة مايلز ف...

 

Maja Valles Mapa do quadrângulo de Lunae Palus, Maja Vallis se situa na parte inferior. Planeta Marte Tipo complexo de vales Coordenadas 12.6° N, 58.3° W Quadrângulo Lunae Palus Epônimo Marte em nepalês Maja Valles é um antigo vale fluvial no quadrângulo de Lunae Palus em Marte. Sua localização é 12.6° latitude norte e 58.3° longitude oeste. O nome vem da palavra Marte em nepalês. [1] Maja Valles começa em Juventae Chasma. Partes do sistema foram parcialmente enterradas...

 

Glen Park Het stationsgebouw Algemeen County San Francisco Opening 5 november 1973 Constructie Type Kuip Perrons 1 Perronsporen 2 BART LijnRichtingVolgend station Dublin/Pleasanton24th Street Mission Daly CityBalboa Park Berryessa/North San José24th Street Mission Daly CityBalboa Park Richmond Transit Center24th Street Mission SFO Airportvia: MillbraeBalboa Park Antiochvia: Pittsburg/Bay Point24th Street Mission SFO AirportBalboa Park Brongegevens in Wikidata aanpassen Muni Metro Lijn Richti...

Area of Stamford in Connecticut, US 41°03′22″N 73°31′17″W / 41.0561°N 73.5213°W / 41.0561; -73.5213 NeighborhoodEast SideNeighborhoodThe headquarters of NBC SportsEast SideCoordinates: 41°03′22″N 73°31′17″W / 41.0561°N 73.5213°W / 41.0561; -73.5213Area • Total2.2 km2 (0.84 sq mi)Population (2015-2019) • Total8,181 • Density3,800/km2 (9,700/sq mi) William Street ...

 

Pogonomys Classificação científica Reino: Animalia Filo: Chordata Classe: Mammalia Ordem: Rodentia Família: Muridae Subfamília: Murinae Género: PogonomysMilne-Edwards, 1877 Espécies Ver texto Pogonomys é um género de roedor da família Muridae. Espécies Pogonomys championi Flannery, 1988 Pogonomys fergussoniensis Laurie, 1952 Pogonomys loriae Thomas, 1897 Pogonomys macrourus (Milne-Edwards, 1877) Pogonomys mollipilosus Peters & Doria, 1881 Pogonomys sylvestris Thomas, 1920 Refer...

 

Bangkok dibom oleh Sekutu pada banyak kesempatan selama Perang Dunia II. Kota itu juga target untuk misi tempur pertama oleh Boeing B-29 Superfortresses pada Juni 1944. Serangan udara Inggris dan Amerika di awal perang B-24 Liberator dalam formasi terbang Serangan bom sekutu di ibu kota Thailand, Bangkok, dimulai bahkan sebelum Thailand menyatakan perang, karena Kekaisaran Jepang menggunakan negara itu sebagai daerah persiapan untuk invasi Malaysia dan Burma, dengan persetujuan berat hati dar...

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (يوليو 2019) جون ويليام كلانسي (بالإنجليزية: John William)‏  معلومات شخصية الميلاد 24 فبراير 1899  نيويورك  الوفاة 2 مارس 1969 (70 سنة)   نيويورك  مواطنة الولايات المتحدة...

 

1973 agreement between North and South Vietnam and the US to end the Vietnam War For the treaties marking the official end of the Cambodian–Vietnamese War, see 1991 Paris Peace Agreements. Paris Peace AccordsAgreement on Ending the War and Restoring Peace in Viet NamVietnam Peace AgreementSignedJanuary 27, 1973 (1973-01-27)LocationParis, FranceNegotiators Lê Đức Thọ Henry Kissinger SignatoriesSee belowParties  North Vietnam Provisional Revolutionary Government ...

 

Державний герб Князівства Саравак (1846—1946), який використовує дану фразу. Dum spíro, spéro (лат. поки дихаю, сподіваюся) — фразеологічний зворот, схожий на український вираз «Вік живи — вік сподівайся». Ця фраза в різних інтерпретаціях зустрічалася у багатьох стародавніх ...

German architect You can help expand this article with text translated from the corresponding article in German. (August 2015) Click [show] for important translation instructions. View a machine-translated version of the German article. Machine translation, like DeepL or Google Translate, is a useful starting point for translations, but translators must revise errors as necessary and confirm that the translation is accurate, rather than simply copy-pasting machine-translated text into th...

 

This article relies largely or entirely on a single source. Relevant discussion may be found on the talk page. Please help improve this article by introducing citations to additional sources.Find sources: Music of French Guiana – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2009) Music of French Guiana General topics Related articles Genres Kasékò Grajé Léròl Kanmougwé Béliya Grajévals Kaladja Quadrille Piké djouk Zouk Débòt Moulala N...

 

Types of disciplinary actions used by schools against students Not to be confused with Academic discipline. A Harper's Weekly cover from 1898 shows a caricature of school discipline. This Punishment Book, from the school attended by Henry Lawson, is one of the earliest surviving examples of this type of record. School discipline relates to actions taken by teachers or school organizations toward students when their behavior disrupts the ongoing educational activity or breaks a rule created by...

2019 New Zealand Grand Prix Race 3, Round 5 of 5 of the 2019 Toyota Racing Series Race detailsDate 10 February 2019Official name LXIV New Zealand Grand PrixLocation Manfeild: Circuit Chris Amon, Feilding, New ZealandCourse Permanent racing facilityCourse length 3.033 km (1.885 miles)Distance 35 laps, 106.155 km (65.975 miles)Weather FinePole positionDriver Lucas Auer M2 CompetitionTime 1:02.388Fastest lapDriver Liam Lawson M2 CompetitionTime 1:04.065 on lap 32PodiumFirst Liam Lawson M2 Compet...

 

Esta é uma lista de meios de comunicação da cidade de Juiz de Fora. O município conta com diversos jornais em circulação—no ano de 2004 eram sete no total. Os principais são o Tribuna de Minas, o Diário Regional e o JF Hoje. Em 2001 existiam nove emissoras de rádio, de acordo com a Associação Mineira de Rádio e TV e a Telecomunicações de Minas Gerais S.A.[1] Esse número, porém, aumentou ao longo dos anos; atualmente, as mais relevantes são a Globo AM 910 KHz,[2] a Itatiaia ...

 

British actress (1922–1976) For the American children's writer, see Margaret Carver Leighton. Margaret LeightonLeighton in 1959Born(1922-02-26)26 February 1922Barnt Green, Worcestershire, EnglandDied13 January 1976(1976-01-13) (aged 53)Chichester, West Sussex, EnglandYears active1938–1976Spouses Max Reinhardt ​ ​(m. 1947; div. 1955)​ Laurence Harvey ​ ​(m. 1957; div. 1961)​ Michael Wi...

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (ديسمبر 2018) ديك همر معلومات شخصية الميلاد 17 يوليو 1930  لونغ بيتش، كاليفورنيا  الوفاة 18 أكتوبر 1999 (69 سنة)   لونغ بيتش، كاليفورنيا  سبب الوفاة سرطان الرئة  مواط...

 

1929 film by Marshall Neilan The Vagabond LoverAdvertisement from Motion Picture NewsDirected byMarshall NeilanWritten byJames Ashmore CreelmanProduced byWilliam LeBaronStarringRudy ValleeSally BlaneMarie DresslerCharles SellonCinematographyLeo ToverEdited byArthur RobertsMusic byVictor Baravalle (music director)Harry M. Woods (songwriter)Distributed byRKO Radio PicturesRelease dates November 26, 1929 (1929-11-26) (New York City)[1] December 1, 1929 (...

 

Scholar and theatre critic The topic of this article may not meet Wikipedia's notability guideline for biographies. Please help to demonstrate the notability of the topic by citing reliable secondary sources that are independent of the topic and provide significant coverage of it beyond a mere trivial mention. If notability cannot be shown, the article is likely to be merged, redirected, or deleted.Find sources: Octavian Saiu – news · newspapers · books · sc...

Not to be confused with East Gate Square. Shopping mall in Ontario, CanadaEastgate SquareLocationHamilton, Ontario, CanadaCoordinates43°13′52″N 79°45′54″W / 43.231°N 79.765°W / 43.231; -79.765Address75 Centennial Parkway NorthOpening date1973OwnerHarrison Equity PartnersNo. of stores and services100+No. of anchor tenants2 Fortinos (88,000 sq ft)HomeSense (24,000 sq ft)No. of floors1Websiteeastgatesquare.ca Eastgate Square is an indoor shopping mall in Stone...

 

For other uses, see Time and Tide (disambiguation). 1982 studio album by Split EnzTime and TideStudio album by Split EnzReleasedApril 1982RecordedSydney December 1981 – February 1982GenreNew waveLength41:24LabelMushroom RecordsProducerHugh Padgham, Split EnzSplit Enz chronology Waiata (Corroboree)(1981) Time and Tide(1982) Enz of an Era(1982) Singles from Time and Tide Dirty CreatureReleased: March 1982 Six Months in a Leaky BoatReleased: May 1982 Never Ceases to Amaze MeReleased: S...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!