Базелски комитет за банкарска супервизија

Базелскиот комитет за банкарска супервизија (англиски: Basel Committee on Banking Supervision) претставува меѓународен форум за дискусија помеѓу националните власти за следење и место за заемна размена на информации, вклучувајќи и размена на искуства за успешноста на методите и техниките за надзор на активностите на меѓународните активни банки.

Историја за Базелскиот Комитет

По пропаста на Бретонвудскиот систем исчезнала потребата од БИС како форум за координација на централните банки и тогаш започнало нејзиното свртување кон финансиската стабилност. Пресвртната точка во идниот развој на БИС се случила во декември 1974 година, кога гувернерите од земјите-членки на Г10 го основале Комитетот за банкарски регулации и супервизорски практики (Committee on Banking Regulations and Supervisory Practices) кој подоцна бил наречен Базелски комитет за банкарска супервизија. Главниот мотив за создвањето на овој комитет било пропаѓањето на две значајни банки во текот на 1974 година - Bnkhaus Herstatt и Franklin National Bank of New York, а иницијативата потекнала од Банката на Англија.[1]

Базелскиот комитет бил замислен како форум за редовна соработка помеѓу членките на БИС за банкарските супервизорски прашања. Неговата основна цел била да се зачува глобалната финансиска стабилност преку подобрување на банкарската супервизија во светот.

Комитетот настојува да ги постигне своите цели со поставување минимум супервизорски стандарди:

  1. подобрување на ефикасноста на техниките за надзор на меѓународните банкарски бизниси и
  2. преку размена на информации за националните аранжмани за супервизија.

За да се справи со предизвиците претставени со диверзифицираните финансиски конгломерати, Комитетот исто така работи со други тела кои ги поставуваат стандардите, вклучувајќи ги оние за хартиите од вредност и осигурување на индустријата.

Првиот состанок на Базелскиот комитет се одржал во февруари 1975 година, а денес, состаноците се одржуваат три-четири пати во годината. Во 2009 година, Комитетот го проширил членството и сега вклучува 27 земји. Комитетот сега го известува надзорното тело, групата гувернери на централните банки и директорите на супервизорските агенции.[2] Во Базелскиот комитет земјите-членки се претставени од страна на нивните централни банки, како и од органите со формална одговорност за супервизија на банките. Претседател на Базелскиот Комитет е Stefan Ingves, гувернер на Шведската централна банка.

Одлуките на Комитетот немаат законска сила. Наместо тоа, Комитетот ги формулира супервизорските стандарди и упатстава и дава препораки за најдобрите практики во очекување дека поединечните нацоинални власти ќе ги спроведат. На овој начин, Комитетот ја охрабрува конвергенцијата кон заедничките стандарди и ја следи нивната имплементација.

Првична цел на Комитетот била воспоставување на контакт помеѓу земјите членки. Низ заедничко залагање се очекуваше надминување на празнините во мрежата на контрола и унапредување на истата. Комитетот ги дефинира техниките со чија помош ќе се остварат поставените цели:

  1. преку размена на информации;
  2. преку зголемување на ефикасноста на техниката на контрола на банките, кои фунционираат на меѓународно ниво;
  3. поставување на минимални стандарди.

Комитетот особено се залага за остварување на контрола на банките кои делуваат интернационално, заради тоа се воспоставени две цели:

  1. да не и се дозволи на било која странска банкарска институција да избегне контрола на било кое ниво;
  2. контролите и надгледувањата да бидат адекватни.

Првиот чекор во оваа насока бил документот Конкордат, донесен во 1975 година. Во мај 1983 година, Конкордатот бил ревидиран и повторно издаден под името Принципи за контрола на странските банкарски институции, во кој детално е разработена тематиката за распределба на надлежностите меѓу домашните и странските регулатори. Во април 1990 година бил издаден додаток на Конкордатот од 1983 година со цел подобрување на прекуграничниот проток на информации помеѓу банкарските супервизори. Во јуни 1992 година, одредени принципи на Конкордатот биле преформулирани како минимум стандарди. Во октомври 1996 година, Комитетот го објавил извештајот за супервизија на прекуграничното банкарство изготвен од страна на заедничка работна група во која беа вклучени супервизорите од не G10 земјите. Документот ги презентирал предлозите за надминување на пречките за ефикасен консолидиран надзор на прекуграничните операции на меѓународните банки.

Вклучувањето на супервизорите од не G10 земјите, исто така, одиграло витална улога во формулирањето на Основните принципи на Комитетот за ефикасна банкарска супервизија во следната година. Поттикот за овој документ потекнува од извештајот донесен во 1996 година од страна на министрите за финансии на G-7 земјите во кој се барала делотворна супервизија во сите важни финансиски пазари, влучувајќи ги и оние на новите економии. Откако се објавил документот во септември 1977 година, биле утврдени 25 основни принципи за кои Базелскиот Комитет верувал дека треба да бидат спроведени преку системот за супервизија. По неколку ревизии, (последните направени во септември 2012 година), документот содржи 29 принципи со кои се опфаќа потребата за рана интервенција и навремена активност на надзорот; супервизорските очекувања на банките, како и усогласеност со супервизорските стандарди.

Намена и улога

Мандат

Базелскиот комитет за банкарска супервизија е примарен глобален поставувач на стандрди за прудентна регулатива на банките и обезбедува форум за соработка за банкарските супервизорски прашања.Неговиот мандат е да ја зајакне регулацијата, супервизијта и практиките на банките насекаде во светот со цел да се подобри финансиската стабилност.[3]

Активност

Базелскиот комитет ги извршува следниве активности:

  1. размена на информации за случувањата во банкрскиот сектор и финансиските пазари, да помогне да се идентификуваат тековните или новите ризици за глобалниот финансиски систем;
  2. споделување на надзорните прашања, пристапи и техники за промовирање на заедничкото разбирање и да се подобри прекуграничната соработка;
  3. воспоставување и унапредување на глобалните стандарди за регулирање и надзор на банките;
  4. решавање на регулаторните и надзорните празнини кои претставуваат ризици за финансиската стабилност;
  5. следење на спроведувањето на стандардите на Базелскиот комитет во земјите членки и пошироко;
  6. координирање и соработка со другите поставувачи на стандарди во финансискиот сектор и меѓународните тела, посебно оние кои се влучени во промовирањето на финансиската стабилност.

Правен статус

Базелскиот комитет не поседува никаква формална наднационлна власт. Неговите одлуки немаат правна сила. Наместо тоа, Базелскиот комитет се потпира на обврските на своите членови за да до постигне својот мандат.

Членство

Членки во Базелскиот Комитет може да бидат организации со овластување за директна банкарска супервизија и централните банки. Откако ќе се консултира со Комитетот, претседателот на Базелскиот Комитет може да покани и други организации кои ќе станат набљудувачи во Базелскиот Комитет. Членките во Базелскиот Комитет и оние со статус на набљудувачи периодично се преиспитуваат. При прифаќањето нови членки, посебно внимание се посветува на нивните значајни национални банкарски сектори за меѓународна финансиска стабилност. Комитетот упатува препораки до неговото надзорно тело, групата гувернери и шефовите за супервизија за измени во членството, а Секретаријатот го објавува списокот на членки и набљудувачи на неговото мрежно место.

Долго време, членки на Базелскиот комитет биле земјите од групата Г-10, но Комитетот го проширил своето членство во 2009 и повторно во 2014 година. Така, денес во овој комитет членуваат: Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Хонгконг САР на НРК, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Кореја, Луксембург, Мексико, Холандија, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија и САД.[4]

Одговорности на земјите членки во Базелскиот Комитет

Членките во Базелскиот Комитет се обврзани да:

  1. работат заедно за да се оствари мандатот на Базелскиот Комитет;
  2. ја промовираат финансискта стабилност;
  3. придонесуваат активно за равој на Базелските стандарди, упатства и добрите практики;
  4. учествуваат во коментарите за да се процени конзистентноста и ефикасноста на домашните правила во однос на Базелските стандарди;
  5. ги промовираат интересите на глобалната финансиска стабилност, а не само националните интереси, додека учествуваат во работата на Комитетот и одлучувањето;
  6. ги имплементираат и применуваат Базелските стандарди во нивните домашни јурисдикции без претходно дефинирана временска рамка поставена од Комитетот.

Надзорен орган

Групата гувернери на централните банки и шефовите за супервизија е надзорен орган(GHOS). Неговите надлежности се:

  1. да ја одобри Базелската Повелба и измените од овој документ;
  2. да обезбеди општа насока во програмата за работа на Базелскиот Комитет;
  3. да го назначи претседателот на Комитетот од неговите редови. Ако претседателот на Комитетот престане да биде член во Базелскиот Комитет пред да заврши неговиот/нејзиниот мандат, Комитетот назначува нов претседател. Сè додека новиот претседател не биде назначен, генералниот секретар ја врши функцијата претседател.

Организација

Внатрешната организациона структура на Базелскиот Комитет се состои од:[5]

  1. Комитет
  2. Групи, работни групи и оперативни групи
  3. Претседател
  4. Секретаријат

Комитетот

Комитетот е крајно одлучувачко тело во Комитетот.

Одговорности

Комитетот е одговорен за:

  1. развој, насочување и следење на програмата за работа на Комитетот во рамките на општата насока предвидена од страна на гувернерите на центрлните банки и шефовите за надзор;
  2. воспоставување и промовирање на Базелските стандарди, упатства и добрите практики;
  3. воспоставување и расфомирање на групите, работните групи и оперативните групи; одобрување и прилагодување на нивните мандати; и следење на нивниот напредок;
  4. одлучува за организациските прописи преку кои ги регулираат своите активности.

Честота на состаноците

Комитетот обично се состанува четири пати во годината.Сепак, претседателот може да одлучи да одржи дополнителен состанок ако е потребно.

Претставување на состаноците на Комитетот

Претседателот претседава со состаноците на Комитетот.Сите членки во Комитетот и набљудувачите имаат право да назначат по еден претставник кој ќе присуствува на состаноците на Комитетот.Претставниците треба да бидат високи функционери од нивните организации и треба да имаат овластување доверено од нивните институции.Претставниците на состаноците на Комитетот се очекува да бидат на пример лице на чело банкарската супервизија, шеф на банкарска политика, шеф на одделението за финансиска стабилност и сл.

Одлуки

Одлуките се донесуваат со консензус помеѓу неговите членки.

Соопштување на одлуките

Одлуките од јавен интерес треба да бидат соопштени преку мрежната страница на Комиетот.Комитетот треба да ги пренесе неговите одлуки и преку печатот.

Групи, работни групи и оперативни групи

Работата на Базелскиот Комитет во голема мера е организирана во групи, работни групи и оперативни групи.Секретаријатот го прави јавно достапен списокот на групите и работните групи.

Групи

Групите го известуваат директно Комитетот.Тие се дел од постојаната внатрешна структура на Комитетот и на тој начин работат без одредена испорака и краен датум.

Работни групи

Работнитте групи се состојат од експерти кои се членови на Комитетот за да ја поддржуваат технички работата на групите.

Оперативни групи

Опертивните групи се создадени да преземаат конкретни задачи за многу кратко време.Тие обично се составени од технички експерти.Меѓутоа, кога овие групации се создадени од страна на Комитетот, оперативните групи се состојат од претставници во Комитетот со цел да се справат со конкретните прашања кои барааат брзо внимание од Комитетот.Во многу случаи тие се нарекуваат високо ниво на оперативни групи.

Претседател

Претседателот ја насочува работата на Комитетот во согласност со мандатот на Базелскиот Комитет. Прв претседател на Базелксиот комитет бил Питер Кук (Peter Cooke).[6]

Назначување

Претседателот е назначен од страна на надзорниот комитет во времетраење од три години со можност да се обнови уште еднаш.

Одговорности

Претседателот е одговорен за:

  1. да ги свикува и претседава на состаноците на Комитетот.Ако претседателот е спречен да присуствува на состаноците, тој или таа може да го одреди Генералниот Секретар да претседава на состанокот во негово или нејзино име;
  2. да го следи напредокот на програмата за работа на Базелскиот Комитет и да обезбеди оперативна насока помеѓу состаноците за пренесување на одлуките надвор од Комитетот;
  3. да го известува надзорниот одбор;
  4. да го претставува Базелскиот Комитет надворешно, и да биде главен потпарол на Комитетот.

Секретаријат

Секретаријатот е воспоставен од Банката за Меѓународни Порамнувања со цел да ја подржи работата на Комитетот, Претседателот и групите преку кои Базелскиот Комитет ја организира неговата работа.

Одговорности

Главните одговорности на Секретаријатот се:

  1. да обезбеди помош и поддршка за Комитетот, Претседателот, групите, работните групи и оперативните групи;
  2. да обезбеди навремен ефикасен проток на информации до сите членки на Базелскиот Комитет;
  3. да ја олесни соработката меѓу групите, работните групи и оперативните групи;
  4. да го олесни контактот помеѓу членките на Базелскиот Комитет и органите кои не се членки;
  5. да ја подржи соработката помеѓу Базелскиот Комитет и другите институции;
  6. да ги извршува сите функции кои се доделуваат од страна на Комитетот и Претседателот;
  7. да ја одржува евиденцијата во Базелскиот Комитет, администрирање на мрежната страница на Комитетот.

Генерален Секретаријат

Генералниот Секретаријат го известува Претседателот и ја насочува работата на Секретаријатот.Генералниот Секретаријат раководи со финансиските, материјалните и човечките ресурси доделени од страна на Секретаријатот.Тој исто така му помага на претседателот во претставувањето на Комитетот надворешно. Генералниот Секретаријат е избран од Претседателот, но по препорака на комисијата за избор составена од членки во Базелскиот Комитет и/или членови на GHOS и високи функционери во Банката за Меѓународни Порамнувања.Времетраењето на неговиот манадат е обично три години со можност да биде продолжен.

Заменик на Генералниот секретар

Заменикот на Генералниот Секретар го известува и му помага на Генералниот Секретар при извршување на неговите надлежности.Заменикот на Генералниот Секретар го заменува Генералниот Секретар во случај на отсуство, неспособност или по барање од страна на Генералниот Секретар. Заменикот на Генералниот Секретаријат е избран од страна на Генералниот Секретар во соработка со Претседателот.

Местоположба на Секретаријатот

Секретаријатот се наоѓа во Банката за Меѓународни Порамнувања во Базел.

Базелските стандарди, упатства и добрите практики

Базелските стандарди

Базелскиот Комитет ги поставува стандардите за прудентна регулатива и супервизија на банките.Комитетот очекува целосна имплементација на овие стандарди од страна на неговите членки и нивните меѓународни активни банки.Сепак, Базелските стандарди претставуваат минимум барања и членките може да одлучат да одат подалеку од нив.

Упатства

Упатствата ги елаборираат стандардите во областите каде тие се сметаат за посакувани за прудентна регулатива и супервизија на банките, посебно за меѓународните активни банки.Тие генерално се дополнување на Базелските стандарди преку обезбедување на дополнителни насоки со цел за нивно спроведување.

Добрите практики

Добрите практики генерално ги опишуваат вистинските набљудувани практики, со цел да се промовира заедничкото разбирање и подобрување на надзорот или банкарските практики.Членовите на Комитетот се охрабруваат да ги споредат овие практики со оние кои се применуваат од самите нив и нивните надгледувани институции за да се идентификуваат потенцијалните области за подобрување.

Наводи

  1. Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 258.
  2. BIS - Историја
  3. BIS - Статут
  4. BCBS, „A brief history of the Basel Committee“, Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2015.
  5. BIS - организациона шема
  6. Kent Matthews and John Thompson, The Economics of Banking. John Wiley and Sons, Chichester, 2005, стр. 170.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!