Анклам (германски: Anklam, полапски: Tąglim) — град историската област Западна Померанија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на бреговите на реката Пене, на само осум километри од нејзиното устие во Малиот Залив (Kleines Haff), западниот дел на Шчеќинскиот Залив. Анклам претставувал административно седиште на поранешниот округ Источна Западна Померанија. Од септември 2011 е дел од округот Западна Померанија-Грајфсвалд.
Во раниот среден век, постоеле важни скандинавски и вендски населби близу денешниот град, сега познати како археолошки наоѓалишта Алтес Лагер (Altes Lager Menzlin).
Анклам бил основан на место на напуштена вендска тврдина во текот на средновековното германско доселување. Прво бил именуван по основачот Танглим и ги добил градските права во 1244. Во 1283 станал член на Ханзата. Иако градот бил мал и невлијателен споредено со другите ханзеатски градови, членството му донело богатство и развој на Анклам.
Опаѓањето на Анклам започнало со Триесетгодишната војна, кога шведските и царските трупи се бореле скоро дваесет години за Анклам. Анклам бил окупиран од царските сили од 1627 до 1630,[2] и потоа од шведските сили.[3] По војната, Анклам станал дел од Шведска Померанија во 1648. Во 1676 бил окупиран од Фридрих Вилхелм, изборен кнез на Бранденбург.
Во 1713, Анклам бил опљачкан од руски војници. Не бил запален до темел, како што наредил Петер Велики, најмногу поради отпорот од Кристијан Томезен Карл („Карлсон“), по кого е именувана една улица во знак на сеќавање.
Јужните делови на градот биле предадени на Кралството Прусија со Стокхолмскиот мир во 1720, додека помалиот северен брег на реката Пене останал шведски. Така, Анклам бил поделен град до 1815, кога во цела Западна Померанија станала пруска и влегла во рамките на Покраината Померанија.
Анклам бил скоро целосно уништен во неколку бомбашки напади од американските воздухопловни сили во 1943 и 1944 и во последните денови на Втората светска војна, кога советските сили палеле и уништувале сè низ градот. Откако Прусија и неговите покраини биле распуштени и поголемиот дел од Померанија бил предаден на Полска со одлука на Потсдамската конференција, Анклам станал дел од Источна Германија. Набрзо самата покраина Мекленбург-Западна Померанија била распуштена, исто така, и Анклам влегол во рамките на новосоздадениот округ Нојбранденбург. Градот бил повторно изграден во прилично униформен социјалистички стил.
По повторното обединување на Германија во 1990, Анклам станал дел од покраината Мекленбург-Западна Померанија, која била повторно создадена.
Порано, Анклам бил град со значајно воено присуство и значење и затоа страдал многу во текот на Триесетгодишната војна, Седумгодишната војна и Втората светска војна. Ова, заедно со постојаните несреќи со пожари и чума, ја направило неговата историја многу трагична. Утврдувањата на Анклам бил срушени во 1762, иако старите ѕидини сè уште постојат. Анклам има преостанато значајни градби. Црквата Св. Богородица, основана во XIII век и со нејзината денешна форма од XV век, била оштетена, но не и уништена во војната и обновена во 1947.[4]
Анклам е поврзан со автопатот А20, кој се движи покрај брегот.
Железничката станица Анклам е опслужувана од национални и регионални возози до Ангерминде, Берлин, Дрезден, Еберсвалде, Франкфурт, Минхен, Прага и Штралзунд.
Анклам е збратимен со следниве градови:
|title=