Трасенхајде

Трасенхајде
Грб на Трасенхајде
Трасенхајде во рамките на Германија
Трасенхајде
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Месна заед. Узедом-Север
Градоначалник Дирк Шварце
Основни податоци
Површина 6,50 км2
Надм. височина 0 м
Население 943 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 145 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OVP
Пошт. бр. 17449
Повик. бр. 038371
Портал www.seebad-trassenheide.de
Местоположба на Трасенхајде во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Карта
Координати 54°06′N 13°52′E / 54.100° СГШ; 13.867° ИГД / 54.100; 13.867

Трасенхајде (германски: Trassenheide) — општина и приморско одморалиште во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Узедом во Балтичкото Море.

Историја

Прво документирано спомнување на Трасенхајде било во 1786, најпрвин како овчји трла; тие биле направено со цел да се заштитат грлата овди од ненадејните поплави на морето. До 1840 имал 138 жители. Во 1908, колонијата била именувана „Трасенхајде“. Тогаш започнал да се развива туризмот. Во 1928, Трасенхајде станал посебна општина. Во август 1943 бил тешко бомбардиран поради блискиот истражувачки центар на Луфтвафе во Пенеминде.

„Превртена куќа“ во Трасенхајде

Превртена куќа

На 4 септември 2008 била изградена превртена куќа како туристичка знаменитост. Архитектите, полските партнери Клаудиуш Голос и Себастијат Микичук ја проектирале куќата како дел од проектот „Превртен свет“, кој им дозволува на посетителите да имаат различен поглед на секојдневните нешта. Бидејќи целата внатрешност е превртена и може да се појави деориентација кај некои, куќата е користена исклучиво како изложба.

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!