Лодин (германски: Loddin) — општина на островот Узедом во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Малото крајбрежно бањско одморалиште, Лодин се наоѓа на теснец на островот Узедом на Балтичкото Море. Се наоѓа во рамките на Природниот парк Узедом и е еден од четирите т.н. „Килибарни бањи“ на островот, поврзани со 12-километри долгата песочна плажа, наречена Килибарна плажа.[2] Останатите три килибарни бањи се Козеров, Икериц и Цемпин.
Лодин поседува лозја на Балтичкото Море.
Местото е поврзано со сојузниот автопат Б111 и поседува железничка станица.
Наводи
Надворешни врски