Боговињското Езеро
Црното Езеро
Долното Доброшко Езеро
Шар Планина како најголема планина во Република Македонија има 27 леднички езера . Езерата се познати и како Шарски Очи [ 1] .
Потенцијал
Според сите досегашни испитувања се смета дека вкупната езерска вода на планината изнесува околу 250.000 м2 [ 2] . Но поради атмосферските влијанија и наносите водниот потенцијал постепено се намалува.[ 3]
Езера
Боговињско ,
Големо ,
Мало ,
Голем Ѓол (Големо Караниколичко Езеро),
Мал Ѓол (Мало Караниколичко Езеро),
Црн Ѓол (Скакаличко Езеро),
Големо Јажинско ,
Мало Јажинско ,
Ливадичко (Штрбачко),
Горно Доброшко ,
Долно Доброшко ,
Кривошиско ,
Бело ,
Црно ,
Челепински ,
Гиноводно ,
Шутманско ,
Горно Врачанско ,
Долно Врачанско ,
Дефско ,
Големо Дедељбешко ,
Мало Дедељбешко ,
Црн Вир ,
Горно Блатешко (повремено),
Долно Блатешко (повремено),
Шарски локви .
Освен овие езера, на Шар Планина постојат уште неколку безимени езера, кои според своите скромни димензии сепак не пресушуваат. Тие се:
Безимено езерце во Чаушичкиот Цирк во близина на Доброшките езера,
Мало езерце под врвот Залина или Голем Срт (2493 м н.в. ),
Постојано езеро исто така безимено помеѓу врвовите Залина и Клеч (2.414 м н.в.).
Според овие постојани езера постојат и уште околу 14 повремени, кои во текот на летниот период пресушуваат.
Наводи
↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina .
↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
↑ Живко Стефановски , Напредок Тетово , Шар Планина , стр 47-48
Природни
Кајче со галеби на Охридското Езеро Вештачки