Поглед на црквата „Св. Илија“ над селото Лубница
Свети Илија — македонска православна манастирска црква, сместена на рид над селото Лубница, Општина Конче, Македонија.
Се наоѓа над ридот на селото Лубница, од каде се пружа целосен поглед на селото. Црквата е посветена на Пророкот Илија, како што е и селската слава на селото Лубница. До црквата се стигнува преку земјена патека од селото, која започнува над селските гробишта во Лубница.
Се верува дека манастирот бил изграден на темели на стар објект. Иницијатива за манастирската црква „Св. Илија“ ја започнал чичко Спасе од село Ињево.[1]
Нејзината изградба завршила во 2006 година.