Земјиштето за храмот на Свети великомаченик Димитриј е осветено на Митровден, 8 ноември1996 година, додека српскиот патријарх Павле ги осветил темелите на храмот на 15 ноември1998 година. Изградбата на храмот започнала на 22 април1998 година со прекин на градба во периодот од септември 1998 год до јуни 1999 година. Работите на изградбата на храмот ги изврши КМГ Трудбеник како главен изведувач. Храмот во основа е широк 29 m и долг 23 m во форма на впишан крст, направен така што неговата корисна површина е околу 500 m². Врвот на куполата на храмот е висок 29 m, а со крстот кој го краси е висок 32 m. До храмот има објект со камбанарија, канцеларија за свештениците, две галерии и стан за чуварот на храмот. Врвот на куполата на камбанаријата е висок 31,73 m. На Митровден, 8 ноември, 2001 година, Неговата Светост Српскиот Патријарх Павле ги освети крстовите за двата објекта. На почетокот на 2015 година започнала работа на фасадата на храмот, како и во неговата внатрешност.[2]