Поглед на црквата
Св. Јован Крстител — средновековна црква во преградието Ново Село кај градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа високо на карпите десно од патот од Штип за предградието Ново Село, на десниот брег на река Отиња.
Црквата била изградена во 1350 година со поддршка на Јован ПробиштиповиЌ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Јован Оливер.[3][4][5]
Претставува мала еднокорабна бескуполна градба. Јужната фасада е украсена со лизени, а над западниот влез се наоѓа профилирана ниша слична на онаа од јужната страна, во која има фреска на покровителот Јован Крстител. Од живописот зачувани се само незначителни фрагменти — претставата на светите Константин и Елена на јужниот ѕид.[6]
|coauthors=
|author=