Свети Јован Крстител — манастирска црква на Беранечкиот манастир.[1]
Историја
Црквата била осветена на 2 август 1879 година, поточно на верскиот празник Илинден. Од фрескописот во внатрешноста на црквата се забележува дека истата била обновена во 1979 година.
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола, многуаголна апсида и многуаголни крила. На секоја страна од куполата има по една монофора. Влезот на црквата е сместен на јужната страна и над него има застаклен дел во кој има фреска на која е прикажан Јован Крстител. Внатрешноста е живописана, а иконостасот содржи икони во три реда.
Галерија
Поврзано
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 10. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски