Икона (од грчки εἰκών, eikon, "претстава") е слика; таа е знак или симболична сличност која постои како резултат на значењето или претставата на еден објект/субјект, или само аналогно, како во семиологијата; во информатиката, икона е симбол кој се употребува кај компјутерите кои имаат графички посредник - се наоѓа на мониторот, и заменува некоја команда. Понатаму, зборот икона се користи и во поп-културата, како замена за зборот симбол - т.е. име, лик, слика или дури и човек кој има препознатливо значење и е отелотворување на определени квалитети.
Во православието, иконата претставува слика на која е претставена некоја светија, како ГосподИсус Христос, БогородицаМарија, светци, ангели или Крст. Иконите, исто така може да бидат изведувани во метал, издлабени во камен, изрезбани во дрво, навезени на облека, изградени како мозаик, испечатени итн.
Иконите во христијанството
При разгледувањето на иконите во рамките на христијанството првенствено мора да се има на ум дека христијанството е старозаветна религија (значи, потекнува од Јудаизмот), создадена во време кога во јудаизмот постоела голема загриженост околу идолопоклонството. При тоа, не постои никакво сведоштво за правење или користење на насликани икони од страна на христијаните во Новиот завет. Иако зборот „икона“ е забележан во Новиот завет, тој ја нема денешната конотацијата. Сепак, од друга страна, многубројните катакомби и катакомбни цркви од ранохристијанскиот период изобилуваат со голем број насликани икони.
Иконите во ранохристијанскиот период
По признавањето на христијанството во Римското Царство за време на владеењето на Константин Велики (Соборот во Никеја), и неговото прифаќање како официјална државна религија за време на Теодосиј I, христијанската уметност почнала да се менува. Оаа промена била резултат пред сè на слободата која христијаните ја добиле во однос на изразувањето и декларирањето на нивната религија. Тогаш за првпат се појавиле сликите на мачениците, а со нив почнала да се шири и критиката за идолопоклоничката и паганска позадина која тие (наводно) ја имале. Од друга страна, бројни биле и поборниците за употребата на иконите, посочувајќи примери кога пророците од Стариот завет сонувале сонови во кои им се појавувале повеќе небесни фигури, вклучувајќи го и видението на Даниил, кому Бог му се појавил како старец. Во овој период, исто така, за првпат се споменува и иконата на Пресвета Богородица Марија; како автор на оваа икона Теодор Лектор во неговата „Историја на црквата“ го посочува Апостол Лука. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој апостол во иднина ќе се зголеми.
Како и да е, постои забележлива разлика во стилот на изведување на иконите од овој период, со денешните. Така на пример, раните икони (како оние зачувани во манастирот Св. Катерина на Синај делуваат многу реално. Исто така, првите икони на кои е прикажан ликот на Исус Христос го претставуваат како млад маж без брада. Дури потоа е прифатена иконата каде тој е прикажан со брада и долга коса. Овој факт треба да се има предвид кога се говори за функцијата која иконите ја имаат. Истовремено (додека иконите не биле униформирани) се развила контроверзна дебата околу тоа кој начин на негово прикажување треба да биде општоприфатен. Првиот, или „семички“ начин го претставувал Христос со кратка коса; вториот начин, пак, го прикажувал Христос со брада и долга коса, разделена на половина. Повторно, Теодор Лектор има забележано дека првата претстава е поверодостојна. Тој, исто така, забележува дека некој паган го насликал Христос според вотриот начин (за кој тогаш се сметало дека е сличен на сликите на Зевс) и како казна рацете му биле отсечени.
Иконокластичен период
Православни канони за иконите
Иконите не се почитуваат на материјална основа (значи, не се разботи за идолопоклонство), туку се почитуваат врз основа на сличноста на претставениот лик со личноста чие име стои на самата икона. Со самото запишување на името на Исус Христос или на некој светец, иконата се осветува. Ако од друга страна, пак, името или контурата се избриште, иконата ја губи симболичката вредност и поради тоа се пали. Истото важи и за Крстот, кој го прима осветувањето со самата форма - доколку формата се промени, и тој се пали. Според тоа, почитувањето укажано на иконата припаѓа на личноста чија претстава е насликана, а никако не на материјалот од кој е насликана.
Православната традиција прави разлика помеѓу:
Латрија, адорација (поклонување, богопочитување) кое му припаѓа на Христос како Седржител (исто како и на леботи и виното претворени во Тело и Крв Христова преку светата тајна Причест според соборот 1084 година во времето на царот Алексеј Комнин)
Ипердулија или надпочитувањето кое ѝ припаѓа на Богородица Марија како Мајка Божја
Венерација или почитувањето кое им припаѓа на Светците поради нивната блискост со Христос
Божјата природа - Света Троица не може да се претстави сликовно поради тоа што е невидлива и безоблична. Сепак, Таткото се претставува како што се јавил во виденијата и богојавувањата во Стариот завет (како дечко на средбата со Авраам). Светиот Дух се претставува во вид на гулаб кој се симнува од небото за време на Крштевањето на Исус Христос во реката Јордан (Мт 3:16). Понатаму, виденијата и теофаниите од историјата на Спасението може да се насликаат и да бидат почитувани. При тоа, иконографот треба во целост да ги почитува податоците од Библијата.
Во црковната историја иконите имале одлучувачка улога. Иконата има:
дидактичка функција
контемплативна функција
посредничка функција
Поради сите овие причини, иконите се сакаат, почитуваат и бакнуваат со наголема стравопочит. Познат е голем број на чудотворни икони, чија тајна останува неоткриена. Без разлика дали се насликани од светци, или пак поради силната вера на верникот, тие се едно од најсилните завети на богоносните отци.
Иконите во Македонија
Делови од Новиот завет каде се говори за иконите
Во Новиот завет овој термин се користи во повеќе наврати со различно значење, и тоа од Исус Христос , како икона на невидливиот Бог( Колошаните 1:15), преку сликата на Цезар на римска паричка (Матеј 22:20), па сè до сликата на Ѕверот во Апокалипсата (Откровение 14:19).
Матеј 22:20 — И им рече: „Чиј е овој лик и натписот?” Му рекоа: „На царот!” Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!”
Марко 12:16 — А тие Му донесоа. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?” Тие пак рекоа: „На царот.”
Лука 20:24 — ”Покажете ми денариј! Чиј образ и натпис има?” Тие рекоа: „Ќесарев!”
Римјани 1:23 — и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи.
Римјани 8:29 — зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа.
1 Коринќани 15:49 — И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на небесниот.
2 Коринќани 3:18 — А ние сите, со откриено лице, ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух.
2 Коринќани 4:4 — а неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик.
Колошаните 1:15 — Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание,
Галатија 3:10 — и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал,
Евреи 10:1 — Зашто Законот ја има само сенката на идните добра, а не и самата суштина на нештата, и не може секогаш со истите жртви, што се принесуваат секоја година постојано, да ги усоврши оние, кои му пристапуваат.
Откровение 13:14 — Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат лик на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.
Откровение 13:15 — И му беше дадено да вдахне дух во ликот на Ѕверот така што ликот на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на ликот на Ѕверот.
Откровение 14:9 — И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака,
Откровение 14:11 — И димот од нивното измачување ќе се издига во вечни векови, и не ќе имаат починка, ни дење ни ноќе, оние кои му се поклонуваат на Ѕверот и на неговиот лик, и кој ја прима ознаката на неговото име.”
Откровение 15:2 — И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, - стоеја на стакленото море и имаа Божји китари,
Откровение 16:2 — И првиот отиде и ја излеа својата чаша на земјата: и се појави лоша и лута рана на луѓето, кои ја имаа ознаката на Ѕверот и кои му се поклонуваа на неговиот лик.
Откровение 19:20 — И Ѕверот беше фатен, заедно со лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, со кои ги заведе оние, кои ја примија ознаката на Ѕверот и кои се клањаа на неговиот лик; и обајцата беа фрлени живи во огненото езеро, што гори со сулфур
Откровение 20:4 — И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.
Иконата како мотив во уметноста
„Икона“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[1]
Галерија
Икона на Св. Лидија Македонка
Тајната вечера, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Симнувањето на Исус од крстот, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Маките Исусови, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Маките Исусови, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Маките Исусови, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Маките Исусови, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Маките Исусови, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Маките Исусови, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Маките Исусови, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
Наводи
↑Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 27.