Црквата на грчка поштенска марка од почетокот на 20 век
„Свети Ѓорѓи“ – црква во потпелистерското село Магарево, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Црквата се наоѓа во непосредна близина на импозантната црква „Св. Димитриј“. Таа е остаток од некогашниот Магаревски манастир, женски манастир, кој постоел на тоа место. Селото Магарево се наоѓало на фронтовата линија за време на Првата светска војна, па најверојатно тогаш се уништени конаците и инвентарот на црквата.[1]
Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на западниот дел. Изградена е во 1871 година.[1]
Денешниот иконостас и иконите потекнуваат од поново време.[1]