Св. Ѓорѓи Победоносец (Св. Георгиј Победоносец) — црква во битолското село Гермијан, Општина Новаци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на Долното Маало (Долно Село). Подигната е во 1860 година. Претставува еднокорабна камена градба. Има полукружен свод и влез од јужната страна, а украсена е со фрески и икони. За време на Првата светска војна селото било на фронтовата линија, и црквата била целосно уништена. Во 1925 г. е обновена и живописана, а во 1990 г. е извршена повторна обнова.[1]