Поглед на црквата
Свети Ѓорѓи – црква во селото Безиково. Сместена е на врвот Дабјето (1.001 м) во маалото Стоевци.
Од натписот во малтер пред влезот на црквата се забележува дека црквата била изградена или осветена на 13 август 2012 година.
Градбата на црквата има правоаголна основа со четириаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна на којашто има припрата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, летниковци и трпезарија. Камбанаријата има примитивен изглед и претставува дрвен столб покриен со кровна конструкција.