Црквата се наоѓа на левата страна на реката Отиња, во источниот дел на Ново Село, на 1 км од средиштето на Штип кој се наоѓа на исток.
Особености
Претставува еднокорабен храм за кој се смета дека е подигнат од војводата Димитрија во 1369 година. Првобитниот живопис на црквата не е зачуван. Според грчкиот натпис, таа одново е насликана во 1601 г. од зографот Јован[3] во стил на Линотопската школа.[4] Ова второ живописување траело од 13 мај до 6 јули 1601 г., а во ктиторскиот натпис се споменати епископот Руфим, свештеникот Дојко и ктиторот Павле Мутавџија.[5][6]
Расолкоска-Николовска, Загорка. Археолошки истражувања на црквата Вознесение-Св. Спас во Штип, Зборник на Штипски народен музеј III, Штип, 1964, 125-139.