Поглед на црквата со нејзината камбанарија
Вознесение Христово (позната и како: Свети Спас) — главна селска црква во селото Мренога, во Општина Демир Хисар, Македонија. Црквата се наоѓа на почетокот на селото, од левата страна покрај патот.
Се работи за средновековна црква, која веројатно била изградена во текот на XIV-XVI век.[1]
Градбата на црквата има четириаголен облик и е покриена со ќерамиди. Камбанаријата е со четириаголна основа и на секоја од четирите страни во горниот дел има отвори со правоаголен облик и полукружен горел дел.