Црвеноклуната блатна кокошка (науч. Gallinula chloropus) е птица од семејствотоблатни кокошки која има речиси светска распространетост. Но, орнитолошките здруженија на Северна и Јужна Америка гласаа во јули 2011 година да ја издвојат американската форма на оваа птица во посебен вид, имплементирајќи ја одлуката веднаш, но другите светски здруженија сè уште не ја промениле таксономијата.[2] Оваа птица ја има и во Македонија.
Опис
Црвеноклуната блатна кокошка е многу специфичен вид, со темно перје одозгора, бело под опашката, жолти нозе и црвен штит на лицето. Младенчињата се покафеави и немаат црвено на лицето. Имаат широк спектар жабурливи повици, а гласно с’скаат кога се во опасност.[3] Тие се средни до големи блатни кокошки со должина од 30 до 38 см, распон на крилјата од 50 до 62 см и тежина од 192 до 500 грама.[4][5]
Таа е вообичаена птица во мочурливите предели и езерцата со бујна растителност. Популациите од посеверните предели каде езерата замрзнуваат, како јужна Канада, северни САД, источна Европа, се птици преселници.
Оваа птица се храни со разни растенија и мали водни животни. Тие „пасат“ крај или во плитката вода. Вообичаено се прикриени во растителноста, но знаат да бидат и питоми. И покрај загубата на живеалиштата, тие се широко распространети. Се борат за својата територија.
Гнездото им претставува кошничка на земјата или во густата растителност. Лежењето им започнува напролет и обично несат околу 8 јајца. Второто легло е послабо со 5-8 јајца. Гнездото подоцна може да го употреби друга женка. Инкубацијата трае околу 3 недели, а ја извршуваат обата родитела. И малечките ги хранат двајцата родители. Малите се оперјуваат по 40-50 дена, а по неколку недели сатнуваат независни. Може да создадат свое легло следната пролет. Кога се во опасност, малечките може да се закачат на телото од родителот, по што тој одлетува на посигурно место.[3][6]
Гнездо
Пиле старо 1–2 недели
Млади на возраст од 1 месец, сè уште без перје
Младенче на возраст од 3–4 месеци
Статус
Иако на некои места популацијата им се намалува, сепак, оваа птица е широко распространета и вообичаена, па според класификацијата спаѓа во вид со најмала загриженост.[1][1]
Подвидови
Има дванесетина подвида кои денес се сметаат за валидни, а неколку кои се прифатени како синонимски.
Список на подвидови според датата на опис
Име
Опис
Распространетост
Црвеноклуна блатна кокошка G. c. chloropus (Linnaeus, 1758) Вклучувајќи ги и correiana и indica.
Крилјата и грбот се црномаслинести
Распространета е од севрозападна Европа до севeрна Африка, на исток до централен Сибир и југоисточна Азија, до Јапонија.
↑Chesser, R. Terry, Richard C. Banks, F. Keith Barker, Carla Cicero, Jon L. Dunn, Andrew W. Kratter, Irby J. Lovette, Pamela C. Rasmussen, J. V. Remsen, James D. Rising, Douglas F. Stotz, Kevin Winker (2011). „Fifty-second supplement to the American Ornithologists' Union Check-List of North American Birds“. Auk. 128 (3): 600–613. doi:10.1525/auk.2011.128.3.600.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑ 3,03,1Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998). The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN0-19-268579-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004). „New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003“. Micronesica. 37 (1): 69–96. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2013-07-02.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑„ʻAlae ʻUla or Hawaiian Moorhen“(PDF). Hawaii’s Comprehensive Wildlife Conservation Strategy. State of Hawaiʻi. 2005-10-01. Архивирано од изворникот(PDF) на 2011-01-15. Посетено на 2009-03-18.