Распон на крилја

Распонот на крилјата на прикажаниот Ербас А320-200 се протега од А до В.

Распон на крилја на авион или птица, е растојанието од левиот врв на крилото до десниот врв. На пример, авионот Боинг 777 има распон на крилја од околу 60 метри. Во авион секогаш се мери во права линија, од врв до врв, независно од обликот или замавот на крилото. Официјалниот рекорд за распон на крилја на птица го има албатросот (Diomedea exulans) со 3,63 метри.

Димензијата на распонот на крилјата зависи од карактерот на летање и обратно. Повеќето комерцијални патнички авиони користат распон со висока пропорција во споредба со широчината на крилото. Ваков сооднос овозможува ефикасно и мирно летање. Како алтернатива, авиони или птици кои треба да изведуваат побрзи покрети или маневри користат распон на крилја со пониска пропорција во споредба со широчината на крилото. Во ваквите ситуации крилјата им се пократки и пошироки.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!