Царева Чешма или Локва — населба од неолитското, железното и доцноантичкото време кај кратовското село Шопско Рударе.
Помеѓу селата Шопско Рударе и Татомир[1]. се наоѓа месноста Царева Чешма која претставува тесна долина. Во непосредната близина на чешмата се издига ниска чука што доминира во долината. На површината на чуката се среќаваат фрагменти од керамички садови со фина и груба фактура и претежно со сива боја, карактеристични за неолитот и за железно време. Во доцноантичкото време теренот исто така бил користен, на што упатува големиот број делови од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
Населбата била оградена со масивен бедем, делумно зачуван во темелите. Според податоците од мештаните, најдени се неколку монети од римскиот период и рановизантиски кои се чуваат кај В. Поповски, учител во селото.[2]
Поврзано
Наводи