Во Селото — археолошко наоѓалиште во кратовското село Шлегово. Претставува населба од римското време. На северниот раб на селото, во нивата на еден жител биле откриени неколку капители, бази и колони, кои сопственикот на нивата ги однел дома и ги употребувал за изградба на сопствената куќа. Овде бил најден епиграфски споменик со грчки натпис од III век. По површината има фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано
Наводи