Манастириште — археолошко наоѓалиште во кратовското село Железница. Претставува доцноантичка некропола. На јужниот раб на селото, при проширувањето на патот што води за Кратово биле откриени и уништени неколку гробови. Во нив имало керамички садови и монети кои не се зачувани.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 183. ISBN 9989649286.