Хуан Фелипе Алвес Риберто,познат како Хуан Фелипе, (роден на 5 декември 1987 г.) — бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Вардар во Првата македонска фудбалска лига.
Технички карактерситики
Хуан Фелипе е офанзивен играч од средниот ред или полушпиц, а исто така може да игра и како крило. Има солидна техника, добар дриблинг и моќен удар од далечина.
Кариера
Хуан Фелипе играл за клубовите Санто Андре и Ред Бул Бразил пред да се пресели во Боливија во 2012 година за да игра за Ориенте Петролеро. Фелипе одиграл само девет натпревари во дресот на Ориенте Петролеро, постигнувајќи еден гол. После една сезона во Боливија тој потпишал за бразилскиот клуб Сао Карлос.
На 12 јули 2014 година, Хуан Фелипе потпишал двегодишен договор со бугарскиот клуб ЦСКА Софија.[1] Тој дебитирал во победата од 4-0 против Хасково на 10 август, со влегување во игра во второто полувреме од натпреварот. Својот прв гол за клубот, тој го постигнал во победата од 3-0 против Локомотив Пловдив. На 30 ноември, Фелипе промашил пенал за ЦСКА Софија на натпреварот против Марек Дупница на стадионот Бончук кој завршил со резултат 0-0.[2]
Во летото 2015 година, Фелипе потпишал за македонскиот клуб Вардар.[3] Првиот гол за Вардар, тој го постигнал на 16 август 2015 година, во гостинската победа од 3-1 над Шкендија.[4]
Достигнувања
Клупски достигнувања
Вардар
Наводи
Надворешни врски