Хари Потер и Затвореникот од Азкабан (англиски: Harry Potter and the Prisoner of Azkaban) e фантастично-авантуристички филм од 2004 година, заснован на истоимениот роман од Џ. К. Роулинг. Режиран од мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, ова е третиот филм од серијалот Хари Потер. Во главните улоги се појавуваат Даниел Редклиф како адолесцентниот волшебник Хари Потер и Руперт Гринт и Ема Ватсон како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Гери Олдмен и Дејвид Тјулис се придружуваат на глумечката екипа како новите ликови Сириус Блек и Ремус Лупин. Во овој филм, улогата на Албус Дамблдор е играна од Мајкл Гембон кој ја презема од Ричард Харис кој почина од Хоџкинова болест. Стив Кловс се враќа како сценарист, додека Крис Колумбус (режисерот на претходните два филма) стана режисер, покрај Дејвид Хејмен. Филмот првпат се прикажа на 31 мај 2004 година во Обединетото Кралство, а на 4 јуни 2004 во Северна Америка, како прв филм пуштен во IMAX кината и прв кој користи IMAX технологија. Ова е последниот филм од целиот серијал кој е издаден и на видео лента.
Филмот беше номиниран за два Оскари — Оскар за најдобра оригинална музика и Оскар за визуални ефекти на 77. доделување на наградите Оскар одржано во 2005.
Наводи