Ханански јазици или ханански јазици — јазична група која е дел од северозападните семитски јазици од големото семејство на семитски јазици. Овие јазици биле зборувани од древните семитски народи во Ханан и Левант, региони во Блискиот Исток, поточно денешните територии на Израел, Јордан, Египет (Синајски Полуостров), Либан и Сирија.
Општата гледна точка е дека кананските јазици се зборувале од Израелитите, Феникијците, Амонитите, Моавите, Едомитите, Сутејците, Екронците и Амалеците. Хананските јазици престанале да се користат како секојдневни јазици на општење во 1 милениум п.н.е., но сепак хебрејскиот јазик останал да се користи од страна на Евреите во средновековието како литургиски јазик, но и како јазик на еврејската книжевност и трговија. Подоцна, кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, хебрејскиот јазик бил оживеан и станал прв, мајчин, јазик на Евреите во Палестина. Денес, тој е службен јазик на Израел, единствен жив канански јазик, и истиот го зборуваат над 9 милиони луѓе.
Оваа јазична група е значајна во јазичниот и историскиот круг поради тоа што е првата историски документирана јазична група која користела азбука за да го запишан усниот јазик. Исто така, оваа јазична група е една од најраните документирани во историјата.
Класификација
Хананските јазици (или дијалекти) се поделени на следниве подгрупи:[2]
- Северни
- Јужни
- Останати
Во групата на канански јазици понекогаш се сместуваат и угаритскиот и екронскиот јазик.
Наводи
Литература
Поврзано
Надворешни врски