Бахранскиот арапски јазик — јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и во подгрупата на арапски јазици. Овој јазик се зборува во Бахреин, Оман и Саудиска Арабија од стран на околу 310 000 луѓе. Во Бахреин овој јазик најмногу се зборува во престолнината, Манама а во Саудиска Арабија во Катиф. Овој јазик или дијалект е многу сличен со останатите арапски дијалекти.