Оваа статија дава подетален преглед на натпреварите од завршната фаза на изданието 2017-2018 на Купот на Италија во фудбал.
Дати
Екипи
Легенда
|
Финалисти на Купот на Италија 2017-2018
|
Полуфиналисти
|
Елиминирани во четвртфинале
|
Елиминирани во осминафинале
|
Ждреб
Осминафинале
Осминафиналните натпревари се одиграле од 12 до 20 декември 2017.
Резултати
Натпревари
Четвртфинале
Натпреварите се одиграле на 26 декември 2017 до 3 јануари 2018.
Резултати
Натпревари
Полуфинале
Натпреварите се одиграле на 30 и 31 јануари (први натпревари), и 28 февруари 2018 (реваншите).
Резултати
Натпревари
Први натпревари
Втори натпревари
Финале
Преглед на натпреварот
Во финалето на Купот на Италија 2017-2018 се пласирале екипите на Јувентус и Милан. Финалето се одиграло на 9 мај 2018, на стадионот Олимпико во Рим со почеток од 21:00 часот.
Откако во првото полувреме не бил виден ниту еден погодок, резултатот бил отворен после 11 минути од продолжението: бранителот на титулата Јувентус, прв го нанел својот удар кога по корнерот на Миралем Пјаниќ, најдобро во шеснаесеттникот на Милан се снашол дефанзивецот Меди Бенатија, кој со глава ја пратил топката во мрежата на росонерите. Се чини дека тоа бил одлучувачкиот момент во финалето, бидејќи само пет минути подоцна преку Даглас Коста бјанконерите постигнале уште еден гол за водство од 2-0. Ударот на бразилецот од 18-метри бил во опсегот на голманот на Милан, Џанлујџи Донарума, кој не изреагирал добро при ударот и ја одбил топката во сопствената мрежа. Само три минути подоцна нова грешка на Донарума и нов гол за Јуве; ударот со глава на Марио Манџукиќ во прв момент го одбранил Донарума, но потоа топката му испаднала од рацете а од непосредна близина до голот тоа го искористил Бенатија, за да го постигне својот втор гол и да ја зголеми предноста на Јувентус на три гола. Конечните 4-0 за Јувентус, биле поставени во 76-тата минута и тоа повторно по корнер од левата страна кој го извел Пјаниќ (двата гола на Бенатија претходно бил постигнати по корнери од оваа страна кој ги извел босанско-херцеговскиот играч), но овојпат наместо играч на Јувентус со топката играл напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ, кој си постигнал автогол.
Победата на Јувентус со 4-0, била највисоката победа во финалето на Купот на Италија откако натпреварите повторно се играат во еден натпревар (од сезоната 2007-2008). Воедно, победа со четири гола разлика, претставува и најубедливата победа во историјата на финалињата на Купот на Италија (играни во еден натпревар), а истата со овој натпревар се повторила по четврти пат: по Торино-Алесандрија 5-1 (1936), Торино-Венеција 4-0 (1943) и Наполи-Верона 4-0 (1976).
Детали од натпреварот
Наводи
Поврзано