Фудбалската репрезентација на Колумбија ја претставува Колумбија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Колумбија.
Досега, Колумбија пет пати учествувала на Светските првенства, првпат на Светското првенство во 1962, каде завршиле како последни во групата. Најдобриот резултат го оствариле на последното првенство во 2014, каде стигнале до четвртфиналето.
Исто така, 19 пати учествувале на Континенталното првенство на Јужна Америка - Копа Америка и еднаш го освоиле во 2001 година.
Репрезентацијата на Колумбија првиот официјален натпрвар го одиграла во 1938 година против репрезентацијата на Мексико. Првпат на светските првенства настапила во 1962, кога домаќин на првенството бил Чиле. На Светското првенство 1990 година одржано во Италија, за првпат успеале да ја минат првата фаза, но биле поразени од Камерун по продолжанија со 1-2. После три пропуштени светски првенства во 2002, 2006 и 2010 успеале да се квалификуваат за Светското првенство 2014 во Бразил, каде го направиле својот најдобар пласман пласирајќи се во четвртфиналето. Таму биле поразени од домаќнот на турнирот со 2-1, но во конечниот пласман го заземале 5. место.
Во 2003 година, Колумбија го имала својот единствен настап на Купот на Конфедерации каде завршиле на четврто место. Прво во полуфиналето ги победил Камерун а после тоа натпреварот за третото место донел повеќе спортска среќа на репрезентацијата на Турција.
Досега, репрезентацијата на Колумбија учествувала 19 пати на Континенталното првенство на Јужна Америка - Копа Америка. Најдобриот резултат го оствариле во 2001 година на домашен терен, кога за прв и досега единствен пат станале шампиони. Во финалето ја совалдале репрезентацијата на Мексико со 1-0 со голот на Иван Кордоба во 65-тата минута.
Трипати учествувале на КОНКАКАФ Голд купот, а најдобар резултат им е финалето од 2000 година, каде биле поразени од Канада.
Објавен на 4 септември 2015.
Последен пат ажурирано на 4 септември 2015.[5]
Аргентина Боливија
Бразил Венецуела
Еквадор Колумбија
Паргвај Перу
Уругвај Чиле