Турбе на Меси-бег — турбе кој се наоѓа во селото Банско, Општина Струмица.
Покрај турбето се наоѓа полуурнато минаре кое припаѓало на некоја џамија, и стари муслимански гробишта. Турбето припаѓа на затворените типови турбиња со квадратно решение на основата. Засводено е со купола и издигнато на низок многуаголен тамбур. Градено е во наизменично поставени редови од камен и тула, а завршува со венец изведен со камен. Турбето е покриено со стари ќерамиди. Надворешниот изглед на турбето делува мошне живописно и заедно со останатите стари гробишта и минарето се вклопува во околниот амбиент[1].
Галерија
-
Поглед кон разрушеното минаре
-
Поглед кон џамијата
-
Поглед кон разрушеното минаре
-
Поглед кон разрушеното минаре
Наводи
- ↑ Балабанов, К., А. Николовски, Д. Ќорнаков (1980). Споменици на културата на Македонија. Скопје: Мисла. стр. 133.
Џамии во Штипското муфтиство |
---|
| | | |
---|
| |
|