Џамија (Ѕвегор) — поранешна главна и единствена џамија во селото Ѕвегор, во Општина Делчево, Македонија. Денес, единствен остаток од некогашната џамија е разрушеното минаре, сместено веднаш спроти новата главна селска црква во селото.
Историја
Никој не знае колку е стара самата џамија, а била напуштена со иселувањето на муслиманите во 1960-тите години од селото.[1]
Во 2016 година имало иницијатива за обнова на џамијата од страна на иселеник во Турција, кој би донирал средства за обнова на џамијата и доизградба на главната селска црква во селото.[1]
Наводи
Џамии во Штипското муфтиство |
---|
| | | |
---|
| |
|