Џамија „Султан Мехмед Фатих II“ (Делчево)

Џамија „Султан Мехмед Фатих II“
Основни податоци
МестоДелчево, Македонија
Координати41°57′55.8″N 22°46′9.6″E / 41.965500° СГШ; 22.769333° ИГД / 41.965500; 22.769333
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
Завршен1448 / 1991
Особености
Минариња1
Висина на минарето23 м

Џамија „Султан Мехмед Фатих II“ — стара османлиска џамија во градот Делчево. Му припаѓа на Штипското муфтиство на ИВЗ.[1][2]

Изградена е во 1448 година во Средното или Турско Маало за време на владеењето на султанот Фатих Мехмед II и претставува најстарата градба во градот (иако денес е преизградена). Минарето е обработено со варов малтер и јајца и високо е 23 метри. Мехмед IV во 1734 година на џамијата ѝ доградил мафил (чардак) наменет за жените. Патописецот Евлија Челебија, минувајќи низ овој крај во 1670 година напишал дека видел чудна џамија изградена на карпа, покрај која тече река, а минарето е поставено од левата страна на џамијата. Овој исклучок се забележува само во оваа џамија и џамијата во Тработивиште. Градбата е реставрирана во 1991 година, кога е одново изградена од темел. Основниот облик е автентичен, со исклучок на прозорците, кои биле правоаголни, а сега се полукружни.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Џамија - Султан Фатих Мехмет II“. Убавините на Делчево. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 31 март 2014.
  2. Илиевска-Арсова, Весна (2011). Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки! (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 26. ISBN 978-608-65253-0-9. Посетено на 14 јуни 2017.[мртва врска]

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!