Технологија на гол-линија

Дијаграм на употреба на повеќе камери во технолошкиот систем за гол-линија GoalControl.

Технологија на гол-линија (понекогаш се нарекува и систем за одлучување на гол)[1] — употреба на електронска помош во фудбалот, за да се утврди дали е постигнат гол или не. Подетално, тоа е метод што се користи за да се утврди кога топката целосно ја поминала гол-линијата помеѓу стативите и под пречката со помош на електронски уреди и во исто време му помага на судијата да досуди гол или не. Целта на технологијата на гол-линија (ТГЛ) не е да ја замени улогата на судиите, туку да ги поддржи во нивното одлучување. ТГЛ мора да обезбеди јасен показател за тоа дали топката целосно ја минала линијата, а овој податок ќе му помогне на судијата да ја донесе својата конечна одлука.[2]

Во споредба со слични технологии во другите спортови, технологијата на гол-линијата е релативно скоро воведена во фудбалот, а на нејзиното воведување се спротивставувале спортските службени лица. Во јули 2012 година, Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (IFAB) официјално ја одобрил употребата на технологијата за гол-линија, изменувајќи ги правилата на играта за да се дозволи (но не и да се бара) нејзина употреба. Заради својата цена, технологијата на гол-линија се користи само на највисоките нивоа на игра. Технологијата на гол-линија се користи во врвните европски домашни лиги и на големите меѓународни натпреварувања, како што се, од 2014 година, Светските првенства на ФИФА за мажи и жени.[3][4][5][6]

Заднина

Ако линијата на овој дијаграм е гол-линијата помеѓу стативите, единствениот случај во кој е постигнат гол е положбата Д.

Во фудбалот, гол е постигнат ако целата топка ја мине гол-линијата помеѓу стативите и под пречката. Во повеќето случаи, ова е релативно недвосмислено (мрежите на головите се ниско-технолошки начин да се потврди дека топката ја поминала линијата меѓу стативите). Меѓутоа, понекогаш се случуваат ситуации кога на судиите и на нивните помошници им е тешко да кажат дали е постигнат гол пред топката да биде одбиена, одбранета или исфрлена од одбранбен играч од голманскиот простор.

Правила

Од 2012 година, технологијата на гол-линијата е дозволена на натпревари. Текст што се однесува на технологијата на гол-линија сега може да се најде во четири од Правилата на играта:

  • Правило 1 (Игралиштето): дозволува промени на рамката на голот.
  • Правило 2 (Топката): дозволува користење на одобрени топки со вградена технологија.
  • Правило 5 (Судијата): бара од судијата да го тестира технолошкиот систем на гол-линијата пред натпреварот и да не го користи ако се открие грешка.
  • Правило 10 (Одредување на исходот од натпревар): дозволува користење на технологијата на гол-линијата за да се потврди дали головите се постигнати или не. Во него се наведува дека „употребата на GLT мора да биде пропишана во соодветните правила за конкуренција“.

Самите правила не се специфични за природата на технолошките системи на гол-линијата, но друга документација од ФИФА, која е наведена во Правилата, оди подетално. Прирачникот за тестирање на програмата за квалитет на ФИФА[7] прецизно ги определува барањата на системите. Пропишани се четири основни барања за системот:

  • Системот мора да се занимава само со прашањето дали е постигнат гол или не.
  • Системот мора да биде точен.
  • Системот мора веднаш да го означи постигнувањето гол, потврдувајќи го тоа во рок од една секунда.
  • Системот мора да ги пренесе своите информации исклучиво до официјалните лица на натпреварот (преку вибрации и визуелно предупредување на часовникот на судијата)

ФИФА има систем според кој одреден давател на технологија треба да покаже ефективност за успешно да добие лиценца за нивната технологија, потоа инсталацијата на одреден стадион мора да помине „конечен тест на инсталација“ пред употреба, а пред секој натпревар судијата мора да провери дали системот е функционален.[8][9]

Натпреварувања што користат технологија на гол-линија

Поради трошоците за технолошките системи на гол-линија, технологијата моментално се користи само на највисоките нивоа на натпреварувања. Во домашна конкуренција, технологијата на гол-линија редовно се користи само во неколку големи европски лиги:

Клупски натпревари

Меѓународни

Континентални

Домашни лиги

Домашни купови

Репрезентативни натпревари

Меѓународни

Континентални

[33]

Во јуни 2023 година, на веб-страницата на ФИФА се наведени 112 стадиони со лиценцирани ТГЛ инсталации, од кои 94 го користат системот „Соколово око“ (Hawk-Eye).[38] Останатите 18 користат ТЛГ Vieww, кој е другиот лиценциран провајдер.[38]

Историја

Историја пред воведувањето

Пред 2012 година, натпреварувањата не можеле да ја воведат технологијата бидејќи тоа не било предвидено со Правилата. Фудбалските правила се контролирани од Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (IFAB), тело во кое ФИФА има 50% од гласачкото право, доволно за да стави вето на какви било промени на правилата.

Пред 2011 година

Во споредба со другите спортови, фудбалот доцнел со дозвола за технологијата да помога во одлуките во играта. Ова прашање било предмет на расправа за играта повеќе од едно десетлетие, при што законодавците на играта се спротивставиле на барањњата за нејзино спроведување.

Во текот на 2000-тите различни инциденти поттикнале дискусија за потенцијалот за технологијата на гол-линија[39][40][41][42] или „фантомски гол“[43] во играта. Некористиењето на технологија во фудбалот било во спротивност со другите спортови, кои вовеле видео-повторувања и други системи во нивните правила.

Како одговор на ова, ФИФА одлучила да го испроба системот на Адидас во кој топка со вграден микрочип испраќа сигнал до судијата ако го помине сетилникот што минува низ голот.[44] Според тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, кој подоцна бил принуден да го напушти фудбалот поради неговата улога во сериозен корупциски скандал, „Направивме различни тестови на Светското првенство за играчи до 17 години во Перу, но доказите не беа јасни, така што ќе продолжиме со испитувања на јуниорските натпреварувања во 2007 година“.[44] Сепак, тие испитувања не се реализирале и во 2008 година, Блатер целосно го отфрлил системот, опишувајќи ја технологијата како „само 95% точна“.[44] ФИФА и ИФАБ биле против воведување технологија во играта, гласајќи во март 2010 година за трајно отфрлање на технологијата.[45]

По неколку судиски грешки на Светското првенство во фудбал во 2010 година – вклучувајќи го и поништениот гол во победата на Германија со 4–1 над Англија, кога Френк Лампард упати удар надвор од шеснаесетникот кој се одби од гредата и ја премина линијата. Топката се врати надвор и голот бил поништен бидејќи помошниот судија не сигнализирал гол[46] – Блатер најавил дека ФИФА повторно ќе ја отвори расправата за технологија на гол-линијата.[47]

Пред Европското првенство во фудбал 2012, претседателот на УЕФА, Мишел Платини ја отфрлил потребата од технологија на гол-линијата, наместо тоа се залагал за поставување дополнителни помошни судии зад голот. Меѓутоа, во натпреварот од групата Д со Украина која загуби со 1–0 од Англија, ударот на Украинецот Марко Девиќ накратко ја преминал линијата на чистиот поглед на службеникот на гол-линијата пред да биде расчистен од Англичанецот Џон Тери, со што повторно се отвори расправата, исто така офсајд во надополнувањето на инцидентот бил незабележан од официјалните лица на натпреварот.[48][49]

Почетно испробување

Слушајќи ги барањата за употреба на технологија, во јули 2011 година ФИФА започна процес на испробувања кои на крајот резултирале со одобрување на системите што се користат во тековната игра.

Првата фаза од испробувањето разгледувала повеќе технолошки системи за гол-линијата, со барање системот да го извести судијата за одлуката во рок од една секунда од случката. Пораката требало да се пренесе преку визуелен сигнал и вибрации.[50] Испробувањата биле спроведени од Емпа помеѓу септември и декември 2011 година. [51] Испробаните системи вклучуваа:[51]

  • Систем од Cairos Technologies, во соработка со Адидас, базиран на изменетеа топка со вграден чип и магнетно поле генерирано од тенки кабли зад гол линијата. Системот можеше да открие дали топката поминала низ полето.[52]
  • GoalRef : Друг систем заснован на генерирани магнетни полиња и сетилник во топката.[53]
  • Goalminder: Систем заснован на камери вградени во рамката на голот. Ова обезбедило визуелна репродукција на официјалните лица наместо автоматско предупредување за гол или без гол.[54] [55]
  • Hawk-Eye: систем во сопственост на Сони заснован на повеќе камери со голема брзина чии слики се користат за триангулација на положбата на топката.[53] Системите Hawk-Eye се користеле, и сè уште се користат во неколку други спортови за поддршка на судските одлуки.[56]

Втора фаза на испробување

На 3 март 2012 година, IFAB објавил дека два од осумте предложени системи преминале во втората фаза на тестирање. Тоа беа Hawk-Eye и GoalRef.[51] Во втората фаза од испробувањето, производителот на технологијата избрал стадион за да ја испроба својата технологија во голем број замислени сценарија. Испробувањето било спроведено и на професионални обуки и во лаборатории за да се земат предвид различните климатски услови и други нарушувања на магнетното поле. Имало и тестови на часовниците кои требало да ги носат судиите. Системите биле подложени на испробување на некои натпревари.

Технологијата GoalRef била подложена на испробување на натпревари во Данската Суперлига во првата половина на 2012 година.[57][58] По тестирањата во втората фаза, на 5 јули 2012 година, ИФАБ во начело го одобрил GoalRef, правејќи го достапен за употреба на професионални натпревари според збир на ревидирани правила на играта. Меѓутоа, секоја инсталација барала одобрение за лиценцирање за употреба на поединечен стадион, на 12-месечна основа. Светското клупско првенство на ФИФА во 2012 година бил првиот турнир на кој GoalRef бил користен од судија на натпревар. GoalRef за прв пат бил искористен на 6 декември 2012 година во првиот натпревар на Светското клупско првенство на ФИФА 2012 година.[59]

Првиот натпревар во кој се користела технологијата на гол-линијата Hawk-Eye бил Eastleigh FC против AFC Totton во финалето на Купот на Хемпшир за постарите на стадионот Сент Мери, Саутхемптон во Англија на 16 мај 2012 година. И покрај тоа што користел Соколово око, системот немал влијание врз одлуките на судијата и системските отчитувања биле достапни само на независната агенција за тестирање на ФИФА.[60] Системот бил поставен и за второто испробување на технологијата на 2-ри јуни за пријателскиот натпревар на Англија против Белгија.[53]

Воведување

Един Џеко од Манчестер сити го постигнал првиот гол во Премиер лигата што бил досуден на основа на ТГЛ

По успехот на испитувањата, во јули 2012 година, ИФАБ едногласно гласал за официјално изменување на Правилата на играта за да се дозволи (но не и да се бара) технологијата на гол-линијата.[61]

Во декември 2012 година, ФИФА објавила дека ќе воведе технологија за гол-линијата на Светското клупско првенство на ФИФА 2012 година во Јапонија.[62] Технологијата Соколово око била употребена на стадионот Тојота, додека GoalRef била користена на Меѓународниот стадион Јокохама.

Белешки

  1. Од плејоф натаму
  2. По групната фаза
  3. Опциски - групна фаза или елиминациска фаза за клубовите чии домашни терени веќе имаат веќе вградено и потврдени системи. Потоа сите натпревари што ги игра клубот во натпреварувањето
  4. Избрани натпревари
  5. Трета рунда до четвртфиналињата (Само стадионите на Премиер лигата и Чемпионшип), само полуфиналињата и финалето
  6. Втора рунда до полуфиналињата (Само стадионите на Премиер лигата и Чемпионшип) и само финалето
  7. Од осминафинале натаму
  8. Само полуфиналињата и финалето
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 Само финалињата
  10. По четвртфинале

Наводи

  1. „Wenger praise for Goal Decision System“. Premier League. 8 August 2013. Архивирано од изворникот на 8 January 2015. Посетено на 10 August 2013.
  2. „FIFA Quality Programme for Goal Line Technology Testing Manual“ (PDF). 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 October 2012. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. Thomas, K. (2014). „Keeping an eye on the ball“. SPIE. doi:10.1117/2.2201406.01. Архивирано од изворникот на February 25, 2022.
  4. „Goal-line technology set up ahead of FIFA World Cup“. FIFA. 1 April 2014. Архивирано од изворникот на 11 May 2014.
  5. FIFA.com [мртва врска]
  6. „Hawk-Eye confirmed as goal-line technology provider for Canada 2015“. FIFA. 31 March 2015. Архивирано од изворникот на 31 March 2015. Посетено на 2 June 2015.
  7. „Updated goal-line technology testing manual published“. FIFA Quality Programme. Архивирано од изворникот на 15 May 2015.
  8. „TESTING MANUAL 2014 version 2.0“. FIFA Quality Programme for Goal-Line Technology (PDF). FIFA.com. 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 July 2018.
  9. „Final installation test – FIFA Quality Programme“. Архивирано од изворникот на 6 July 2015.
  10. Regulations FIFA Club World Cup Morocco 2022™
  11. „UEFA Documents“.
  12. „UEFA Documents“.
  13. „UEFA Documents“.
  14. „UEFA Documents“.
  15. „Arsenal boss: Inconsistent tech use hurts UWCL“. 21 March 2023.
  16. „Premier League Handbook 2022/23“ (PDF). Посетено на 26 June 2023.
  17. „EFL Regulations for Season 2022/23“ (PDF). Посетено на 26 June 2023.
  18. „Ligue 1 Règlement (version intégrale)“ (PDF). Посетено на 26 June 2023.
  19. „Bundesliga to use goalline technology from 2015–16 season“. BBC. 4 December 2014. Посетено на 6 January 2016.
  20. „Serie A approves goal-line technology for next season“. ESPN FC. 13 February 2015. Посетено на 6 January 2016.
  21. „Serie B: Si parte il 21 agosto e arriva la Goal line Technology“. 26 May 2021.
  22. „Greater use of goal-line technology“. FIFA. 22 January 2016. Посетено на 12 March 2021.
  23. RULES OF THE FA CHALLENGE CUP COMPETITION (“the Competition”)
  24. „Rules – EFL“.
  25. „Goal-line technology debut for Community Shield today“. Tribal Football. 11 August 2013. Посетено на 26 June 2023.
  26. „Coppa Italia, tante le novità: VAR ma non solo“. 9 July 2018.
  27. RULES OF THE SCOTTISH FOOTBALL ASSOCIATION CHALLENGE CUP COMPETITION
  28. „Goal-line technology for Betfred Cup“. 26 June 2023. Посетено на 18 January 2021.
  29. FIFA World Cup Qatar 2022 Regulations
  30. „Hawk-Eye chosen for GLT duties at Women's World Cup“. smartseries.sportspromedia.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-06-27. Посетено на 2023-06-27.
  31. FIFA Arab Cup Qatar 2021™ Regulations
  32. Competition Regulations AFC ASIAN CUP 2023TM
  33. „Regulations“. 16 February 2021.
  34. CONCACAF Under-17 Championship 2022–2023 REGULATIONS
  35. „UEFA Documents“.
  36. „Europeo U21, Var e Goal line technology dai quarti: Dietrofront della Uefa dopo gli errori arbitrali in Italia-Francia“. 23 June 2023.
  37. „UEFA Documents“.
  38. 38,0 38,1 „FOOTBALL TECHNOLOGY – Resource Hub“. FIFA.
  39. „Nigerian media bitter in defeat“. BBC Sport. 14 February 2000. Посетено на 1 August 2012.
  40. „Manchester United 0–0 Tottenham“. BBC News. 4 January 2005. Посетено на 28 June 2010.
  41. „Bristol City-Crystal Palace game will not be replayed“. The Guardian. London. 17 August 2009.
  42. Emery, Daniel (28 June 2010). „PM and goal-line technology firms dispute Fifa claims“. BBC. Посетено на 23 April 2015.
  43. Miller, Herman (15 August 2009). „Neil Warnock furious as 'phantom goal' costs Crystal Palace“. The Guardian. London.
  44. 44,0 44,1 44,2 McGrath, Liam (19 April 2010). „Goal-Line Technology: Crossing Too Many Lines For FIFA?“. GeekWeek. Посетено на 28 June 2010.
  45. „Football's lawmakers reject goal-line technology“. BBC. 6 March 2010. Посетено на 23 April 2015.
  46. Wilson, Jonathan (28 June 2010). „Soccer could use instant replay, but not at expense of the sport's flow“. CNN. Архивирано од изворникот на 2012-03-02. Посетено на 2024-09-01.
  47. Marcus, Jeffrey (29 June 2010). „FIFA President Apologizes for Refereeing Errors“. The New York Times. Посетено на 29 June 2010.
  48. „Euro 2012: Ukraine's ghost goal against England another example of why we need goal-line technology, says Sepp Blatter“. The Daily Telegraph. 20 June 2012.
  49. „Rooney seizes his chance to lift England's expectations“. The Independent. 20 June 2012. Посетено на 20 June 2012.
  50. „Fifa to run tests on nine goal-line technology systems this autumn“. The Guardian. London. 21 July 2011.
  51. 51,0 51,1 51,2 Conway, Richard (15 April 2012). „Goal-line technology edges closer“. BBC Sport. Посетено на 3 March 2012.
  52. „Goal-line technology – Getting it right“. The WIPO Journal. August 2010. Посетено на 13 March 2012.
  53. 53,0 53,1 53,2 Jackson, Jamie (24 May 2012). „England friendly against Belgium to be big test of goalline technology“. The Guardian. London.
  54. „About Goalminder – Goal Line Technology – Visually Informed“. Архивирано од изворникот на 15 December 2011. Посетено на 13 March 2012..
  55. „Goalminder aims to end goal-line errors“. menmedia.co.uk. 11 October 2011. Архивирано од изворникот на 5 January 2012. Посетено на 13 March 2012.
  56. Boothroyd, David (11 October 2011). „Sport technology enables improved decisions“. Архивирано од изворникот на 29 October 2020. Посетено на 4 November 2011.
  57. Berendt, Lars (16 May 2012). „FIFA tester teknologi i Silkeborg og Farum“ (дански). Danish Football Association. Посетено на 16 May 2012.
  58. „The ball tells you when it's in“. Архивирано од изворникот на 5 November 2018. Посетено на 29 June 2014.
  59. „FIFA give debut to goal-line technology in World club curtain-raiser“. Irish Independent. 6 December 2012. Посетено на 6 December 2012.
  60. „Non-league final to be used for goal-line technology experiment“. BBC Sport. 27 April 2012.
  61. „IFAB makes three unanimous historic decisions“. FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 5 July 2012. Архивирано од изворникот на 7 May 2015. Посетено на 23 April 2015.
  62. „Goal-line tech gets green light“. 3 News NZ. 6 December 2012. Архивирано од изворникот на 23 February 2013.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!