ТТК Банка АД Скопје — македонска универзална банка која, мерено според големината на активата, спаѓа во групата средни банки. Таа дејствува како акционерско друштво во својство на правно лице и под ова име настапува од 1 јули2006 година, како резултат на спојување на „Тетекс-Кредитна Банка“ А.Д Скопје и „Тетовска Банка” А.Д Тетово. Вкупниот број на вработени во банката на 31 декември2010 година изнесува 249. ТТК Банка располага со широко распространета мрежа на филијали и експозитури низ цела територија на Македонија, со вкупно 8 филијали и 21 експозитура. Адресата на нејзиното регистрирано седиштето е на ул. Народен фронт 19а, 1000 Скопје.
Мисија и визија на ТТК Банка
Мисијата на ТТК Банка е да биде најдобра банка-партнер за малите и средни претпријатија во Македонија и банка на прв избор на клиентите од население, стремејќи се кон создавање на највисоки вредности за своите клиенти и акционери.
Визијата на ТТК Банка е да создава вредности за клиентите и вработените, како и за акционерите преку ангажманот на вработените и постојано подобрување на квалитетот на работењето.
Активности на банката
ТТК Банка нуди богато портфолио на производи и услуги за правни и физички лица, преку континуирано следење на потребите и барањата на купувачите. Финансиски активности кои банката може да ги врши согласно дозволата за основање и работење издадена од Гувернерот на НБРМ се:
Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
Кредитирање во земјата, вклучувајќи факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
Кредитирање во странство, вклучувајќи факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
На 31 декември2010 година активата на банката изнесува 6 037 522 денари, така што ТТК Банка припаѓа во групата на средни банки.
Капиталот и резервите на банката изнесуваат 959 572 денари.
Стапка на поврат на просечната актива (ROAA) = 0.80%.
Стапка на поврат на просечниот капитал (ROAE) = 5.56%.
Стапката на адекватност на капиталот = 17.93%.
Добивката по оданочувањето во 2010 година изнесува 45 649 000 денари.
Вкупните приходи во 2010 година изнесуваат 3 524 059 000 денари.
Вкупните расходи во 2010 година изнесуваат 3 474 988 000 денари.[7]
Награди и признанија
Активната поdдршка на ТТК Банка АД Скопје се препознава во разни активности на спонзорства и донации во културата, спортот и образованието, за што банката има добиено повеќе награди и признанија за општествено одговорна компанија во Македонија:[8]
Водачи на Општествена одговорност, награда за корпоративна филантропија 2009 година, во организација на Центарот за институционален развој.
Награда „Различни а еднакви“ во организација на агенцијата „Делта Ексклузив“.
Национална награда за општествена одговорност 2010 година во организација на Министерството за економија на Македонија.
Благодарница од Фондацијата ПСМ за повеќегодишен придонес во организирањето на Глобалната недела на претприемништво.
Признание за ТТК Банка за поддршка на лицата со посебни потреби - „Различни а еднакви“.
Во 2016 година, ТТК банка била избрана за национален шампион во категоријата „Награда за иновација“ во рамките на европските бизнис награди, воорганизација на „RSM International“.[9]