Средбата на слободната програмска опрема (француски: Rencontres mondiales du logiciel libre (RMLL); англиски: Libre Software Meeting (LSM)) - годишен настан за слободна програмска опрема првично одржувана во Франција.
Средбата на слободна програмска опрема била одржувана секоја година од 2000 година, во јули. Започната од француската група на корисници на слободна програмска опрема Борделеско здружение на корисници на слободна програмска опрема (Bordelaise des utilisateurs de logiciels libres; ABUL). Повеќе од 1000 луѓе, кои доаѓаат од повеќе од 50 земји, учествуваат секоја година.
Средбата е мешавина од два комплементарни состаноци:
Средбата е организирана од состав на доброволци, комбинирајќи ги локалните и националните здруженија за слободна програмска опрема.
Селото на здруженија ги поздравува посетителите со сет на штандови, претставувајќи локални или национални здруженија.
Логото на ССПО било нацртано со „Sketch“ од Андре Пасквал, со-создател на „Linuxgraphic.org“, за ССПО 2001 година. Изборот на маскота и нејзиното име доаѓаат од хомофонијата со Армел (француско женско име) и француската кратенка на средбата - RMLL, како што се изговара на англиски.