Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ) — македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот „Комунистичка партија на Македонија“ (КПМ).
Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го менува своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествува на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.